04.10.2012, 15:44 СДСМ: Вељаноски ја опструира расправата за доверба на Владата
Опозициската СДСМ му забележува на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски дека со наметнување други теми се обидува да ја опструира утрешната расправа за гласањето доверба на Владата.
Потпретседателот на СДСМ Јани Макрадули денеска изјави дека Вељаноски спроведува веќе видено сценарио за опструкција на утрешната расправа.
- Принципиелниот став на опозицијата за неучество на понеделничките координации останува. Но, во исто време нема да дозволиме со евтини трикови од техничко - деловнички карактер да се опструира утрешната расправа за доверба н�� владата, која е уставно загарантиран механизам, рече Макрадули.
Затоа, додаде, утре на договорната средба со претседателот на Собранието, согласно член 216, ќе учествува еден координатор од предлагачите на оваа иницијатива и од овој момент единствена дилема останува како власта ќе гласа за нашата иницијатива.
|