05.10.2012, 12:18 Дража Михајловиќ од денеска официјално мртов
Првиот основен суд во Белград денеска го прогласи за мртов командантот на Југословенската кралска војска, Драгољуб Дража Михајловиќ, а како датум за неговата смрт го одреди 31 јули 1946 година.
- Откако ги утврди сите неопходни факти за смртта, судот донесе решение со кое тој официјално е прогласен за мртов, рече портпаролката на судот Гордана Вуковиќ.
Решението беше неопходно, бидејќи без докази за смртта, Вишиот суд во Белград не може да одлучи за барањето за рехабилитација на Михајловиќ, односно да ја поништи пресудата од 15 јули 1946 година, со која Михајловиќ е осуден на смрт со стрелање, бидејќи нема официјални податоци за тоа каде и кога е погубен и погребан.
Кога тоа решение ќе стане правосилно фактот за смртта ќе биде впишан и во матичната книга на починатите. Процесот за рехабилитација на Михајловиќ пред Вишиот суд во Белград продолжува на 22 ноември. |