05.10.2012, 14:18 Ставрески по инвеститори во Индија
Владина делегација предводена од министерот за финансии Зоран Ставрески, од денеска па до 9 октомври ќе ги презентира инвестициските можности на Македонија пред бизнисмени во Индија.
Делегацијата, во чиј состав се и министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на Дирекцијата на технолошко- индустриските развојни зони Виктор Мизо, во Индија ќе посети четири града, Горегаон-Меданта, Лакнаоу, Хидерабад и Ченаи.
За вчера беа закажани средби со претставници на Конфедерацијата на индиските индустрии, како и со претседателот на конфедерацијата за Југоисточна Европа во градот Горегаон-Меданта.
|