05.10.2012, 14:11 Кадровски промени во СВР Тетово
Кадровски промени во Секторот на внатрешни работи во Тетово по наредба на министерката Гордана Јанкулоска. Пред неколку дена е донесена одлука за смена на раководниот тим - Далибор Стојановски повеќе не е на втората позиција помошник-началник на полицијата. На негово место од вчера е поставен Тони Станковски, долгогодишен професионалец во МВР.
Стојановски е прераспореден на должност во МВР Скопје, а на раководната позиција во тетовската полиција дојде во април 2010 година на местото на неговиот татко Драгољуб Стојановски, кој замина во пензија.
|