04.10.2012, 09:04 „Арчелор Митал“ инвестира 3,5 милиони евра во постројка за поцинкување
Фабриката „Арчелор Митал Скопје“ денеска ќе претстави нова инвестиција од 3,5 милиони евра во постројка за поцинкување.
Реконструираната и целосно автоматизирана линија за поцинкување ќе овозможи поефикасна технолошка постапка, зголемена енергетска ефикасност и зголемена продуктивност, редуцирани емисии на загадувачки супстанции во воздухот и нивен постојан мониторинг.
На настанот ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и други претставници на Владата, како и 150 сопственици и генерални директори ��д 200 највлијателни компании во металуршката индустрија од Балканот.
„Арчелормитал“ го организира настанот како Ден на потрошувачите. |