03.10.2012, 16:26 Со туѓи пари плаќале роденденски забави
Тринаесетчлена меѓународна криминална група е разбиена поради сомневање дека изработувале и употребиле фалсификувани платежни картички. Извршени биле претреси на десет локации во Скопје и една во Прилеп, во кои живееле, односно престојувале осомничените. Притоа, пронајдени се три скимери за преснимување на податоци од платежни картички кои се поставуваат на банкомати и служат за крадење податоци од платежни картички, повеќе делови од скимери, девет фалсификувани платежни картички, 14 надворешни мемориски уреди, 19 компјутери, 22 телефонски апарати и 98 сим картички. Во домот на еден од приведените најдени се пиштол и осу�� парчиња муниција, кои ги поседувал без дозвола. Дел од членовите на криминалната група, соопшти министерката Гордана Јанкулоска, веќе биле пријавувани за кривични дела извршени со фалсификувани платежни картички и имаат издржувано казна затвор во Македонија, Луксембург, Швајцарија, Грција и ВО Србија.
Истрагата утврдила дека членовите на групата извршиле 61 нелегални трансакции во вкупно 32 продажни места во Скопје и Охрид, од кои 26 нелегални трансакции во износ од речиси половина милиони денари биле успешни, а 35 нелегални трансакции во износ од над 1,5 милиони денари биле неуспешни. Со заработените пари плаќале сметки на бензински пумпи, купувале техничка стока, па дури и подмирувале роденденски забави. (Г.А.)
|