04.10.2012, 13:34 ДДВ за компјутери и за сончеви колектори останува 5 отсто
Трајна примена на повластената стапка од 5 отсто данок на додадена вредност за увоз на компјутери, софтвер и сончеви колектори се измените на Законот за данок за додадена вредност, кои на предлог на Министерството за финансии биле усвоени од Владата. Со измените на Законот за ДДВ е предвидено и ослободување од ДДВ при увоз на мали пратки од странство со вредност до 22 евра.
Со предложените измени, како што соопшти Министерството за финансии, ќе се пропише трајна примена на повластената стапка од 5 отсто за промет и увоз на компјутери, термални сончеви системи и компјутерски софтвер. Ц��лта е зголемување на квалитетот на информатичката технологија и образование, како и да се овозможи поголемо користење на сончевата енергија како алтернативен извор, со што ќе се влијае на намалување на потрошувачката на електрична енергија, како и за заштита на животната средина. Рокот за повластената стапка за овие добра и услуги истекуваше на 31 декември 2012 година.
Со ослободувањето од ДДВ кај малите пратки ќе се овозможи олеснување на постапката при увоз, а ќе се влијае и на унапредување на електронската трговија во земјата. Ова ослободување не се однесува на тутун и производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалаци, како и на парфеми и тоалетни води. |