05.10.2012, 15:31 (ФОТО) Собрани 200 единици крв до 15 часот
Продолжува хуманитарната мисија на Тоше Проески. Под мотото „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“, денеска од 10 до 18 часот се одвива крводарителска акција во просториите на фондацијата „Никола Кљусев“
ФОТО: Киро Попов
Денеска, до 15 часот, во просториите на фондацијата „Никола Кљусев“ (до АРМ), каде што се одвива крводарителската акција во спомен на Тоше Проески се собрани околу 200 единици крв. Под мотото „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“, фановите и почитувачи на ликот и делото на Тоше уште од утринските часови дојдоа да бидат дел од акцијата, која е во организација на Интернационалниот Тоше Проески фан- клуб форум и Црвениот Крст на Град Скопје, а поддржана од Меѓународната фондација „Тоше Проески“.
Организаторите се надеваат дека оваа година ќе ја надминат минатогодишната бројка од околу 350 собрани единици крв и воедно апелираат за уште поголема посетеност. Остануваат уште неколку часа до затворање на пунктот за дарување крв кој беше отворен во 10 часот, а ќе се затвори во 18 часот. За секој дарител е обезбедено ДВД издание од постхумниот концерт во спомен на Тоше, одржан на Градскиот стадион во 2008 год., како и картички и постери со ликот на пејачката ѕвезда. До моментот на објавување на текстов, како што не известија организаторите, никој од колегите на Тоше и естрадата се нема појавено и дарувано крв.
|