Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
07.10.2012, 13:15

(ФОТО) По „Сити мол“, турканици и на „Бела ноќ“

Скопјани уживаа додека им правеа фигури од 60-тите, видоа кои беа „Голтарите“, слушаа музика од 90-тите години на минатиот век

Катерина Богоева

ФОТО: Киро Попов

Со фризури како од шеесеттите години на минатиот век, фотографирани пред постер на „Битлси“, насмеани и размуабетени, излегуваа дел од посетителите на Музејот на град Скопје синоќа на „Бела ноќ“, каде што и стартуваше осмата по ред манифестација на која секој можеше да си најде по нешто интересно за Скопје, но и за самиот себе и за својот однос кон градот. Посетувајќи ги петте изложби од добро конципираниот проект „Скопје: врвни сеќавања 1960-2010 вол.“ поставени на исто толку различни локации од двете страни на Вардар, постарите посетители си ја обновуваа меморијата, а некои од нив прв пат и гледаа одредени уметнички дела, читаа информации, слушаа музички парчиња кои случајно или не, ги пропуштиле. Генерациите пак, кои од петдеценискиот период од културното живеење на градот во својот живот „фатиле“ помали или поголеми парчиња, љубопитно откриваа што се случувало некогаш во и надвор од институциите. Читаа, и од фотографии гледаа кои биле „Голтарите“ во 70-тите, како изгледале првите неконвенционални изложби и како ги третирала тогашната власт, кои биле одгласите во печатот, што се случувало во 80-тите, 90-тите години на минатиот век, но и во почетокот на овој век во градот, на неговата институционална и вонинституционална културна сцена. Очекувано, оваа топла саботна вечер имаше многу публика и на плоштадот „Македонија“, која застаната и на скалилата на фонтаната го следеше мултимедијалниот перформанс „Местото каде сум“, урбано-визуелната приказна за растењето на Скопје од неолитот до денес, доловена преку возбудливиот театар на сенки и добра музика.


Големиот број на посетители кои шетајќи од една до друга локација во Старата скопска чаршија, во Градскиот парк, во Градскиот трговски центар (а патеката водеше и до Универзална сала), потврди и овој пат дека скопјани не се туркаат само пред „Сити мол“, туку и пред музеи, галерии... Дека знаат да чекаат со часови за да фатат добра позиција пред почеток на концерт (МКЦ). Креаторите на проектот „Скопје: врвни сеќавања 1960-2010 вол.“, Филип Јовановски, Ивана Васева и Јована Попова умееја да почувствуваат што да и' дадат на скопската публика. Го ставија Скопје во фокусо�� на „Бела ноќ“ и преку учеството на околу 200 уметници и различен вид на учесници, повторно му ги открија навидум подзаборавените сегменти.

Мошне умешно овој проект им даде можност на скопјани да си ги откријат личните приказни, фотографии, себеси во градот, но и влијанието на Скопје во своите животи. А уметниците добија можност повторно да си ги презентираат делата што некогаш ги создале, идеите кои ги воделе, и се разбира, со тоа и самите себеси. Публиката кога сето тоа во себе ќе го сублимира (доколку се потруди), може да добие и нова, своја лична дефиниција за Скопје, градот што години наназад, кој се', и на каков ли не начин, катадневно го дефинира и го редефинира.


Статијата е прочитана 1345 пати.

Испрати коментар



Националната предлог-стратегија за развој на културата на јавна расправа
На Тумбе-кафе нови пронајдоци на некропола од 4 век
(ФОТО) Мила Кунис се соблече топлес
Можеме ли да ја повратиме дивината?
Благој Нацоски ќе пее на Сардинија во „Ромео и Јулија“
„Војна на ѕвездите“ наместо „Мона Л��за“ во Лувр
„Век за самување“ најдобра поема за 2012 година
(ФОТО) Свеќи и ѕвездено небо за Тоше
(ФОТО) Собрани 200 единици крв до 15 часот
Светски ден на Бонд, Џејмс Бонд
Тетовскиот театар вечерва на МЕСС во Сараево
„Калчр девелопмент“ во живо на Канал 103
„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ на плоштад „Македонија“
Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
Македонската филхармонија го откупи делото на Илија Илиевски
Опра и Бритни – најплатени жени во шоу-бизнисот
Кончаловски во Кинотеката на Македонија
„Бела ноќ“ в сабота во Скопје
Ана Дурловски повторно ја воздигна Лучија
Вечерва стартува четвртото издание на „Десонанз“
Уште разголени фотографии од кралскиот пар
Новите германски филмови го окупираат Скопје
(ФОТО) „Тојота“ го претстави новиот „паметен инсект“
Забранет влез за Мајк Тајсон во Нов Зеланд
Рубенс Муратовски стана татко



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 3°C

Вторник
Ведро
Макс: 22��C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (20)
Плачењето на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Можеме ли да ја повратиме дивината?
Амбициозните програми за обновување и повторно оживување на деградираните екосистеми ја предизвикуваат претпоставката де...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |