07.10.2012, 17:48 Политичка лакрдија
Лидерот на СДСМ Црвенковски смета дека изгласаната доверба на Владата значи дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ глумеле конфликт
После вчерашната седница на собранието, после сето она што го видовме и слушнавме, а посебно после исходот од гласањето за доверба на владата стана сосема јасно дека не постои никаква криза во коалиционите односи помеѓу ВМРО - ДПМНЕ и ДУ. Се потврдија сите наши укажувања дека сето она што го гледавме во изминативе два месеци, сето нивно загрозување на меѓуетничките односи, сите нивни меѓусебни препукувања преку девалвирање на институциите, кршење на законите, бламирање на армијата па дури и преку злоупотреба на децата, не се ништо друго освен ефтина театарска претстава во режија на Никола Груевски и Али Ахмети. Премногу опасна игра за задоволување на нивните ситни лични потреби: Груевски лажно да се претстави како македонски патриот, а Ахмети лажно да се претставува како заштитник на правата на Албанците.
Вчера уште еднаш се покажа дека за оваа власт криминално - тендерските интереси се поважни од било чија национална гордост и достоинство, од било чии права и статус и од било кои закони и институции на Република Македонија.
Сега, кога оваа неодговорна, но со тешки последици политичка лакрдија е целосно прочитана и разобличена, ја повикуваме владата, а пред се премиерот Груевски овој циркус да биде запрен веднаш. Така како што синоќа сложно и братски гласаа, денес сложно и братски нека се договорат за законот за бранители, за имињата и таблите на училиштата, за паралелките во Аеродром, Чаир и Сарај, за почитувањето на хиерархијата и одговорноста во АРМ и пред се', за почитување на законите и институциите во оваа земја. |
|
Статијата е прочитана 1839 пати.
|
Испрати коментар
|
|
BitolaHamiltonCanada, 08.10.2012 03:15:20 | Dobro utro G-din Crvenkovski. |
| ФЕЛИКС, 08.10.2012 07:15:55 | Ako ова било ,,демаскирање,,ајде тогаш на изборен,,маскенбал,,па да видиме чија ,,маска,, изборните гледачи ќе ја одберат.Но такво нешто не им паѓа на памет,а и ако им падне ќе предложат разни дрндупки да маскенбалот или не се одржи или тој да биде по нивна воља.А инаку се големи љубитељи на маскенбал без гледачи,а со намера главната повеќекратна победничка маска се исфрли од натпреварувањето. |
| Rezzilov, 08.10.2012 09:44:08 | До кога ќе не’ матуфи овој човек?Зарем не’ смета з�� недоветни?Испаднаа голи пред народот и сега тврди дека било лакрдија.На народот му дојадија тие негови интерпелации и “ајде на избори“(ама да ги нема)!Исти штосеви со години.Дела,другари,дела,а не маалски штосеви! |
| Hari, 08.10.2012 12:26:21 | Felco, ti bi da odime na izbori so 400 000 fiktivni glasci, so spisoci od 30 glasaci, so 100 evra po covek vo Istocna makedonija so eden ubav kredit, so kompleten mrak mediumski??? Na nacin na koj do sega gi dobivavte izborite??? Epa nema da moze ovoj pat, ke mora da organizirate izbori po preporaka na OPSE i EU pa da vidime koj ke pobedi:)))) |
| Трпе, 08.10.2012 12:32:55 | Ова нечесна игра која ја игра актуелната власт е многу опасна.Тоа е слично како да е донесена смртна пресуда на дршавичката со крв створена само што пресудата сеуште не е потпишана.Се чека погодниот момент. |
| Баба Евда, 08.10.2012 15:11:54 | Шате бабино , сега сум мирна! И умрена ќе гласам! Браво што не го укинувате правото на глас на умрените! |
| Дејан, 08.10.2012 16:56:47 | Е тешко е да си казнет и со години да си во опозиција, нели? Е тешко е, ама за тоа требало да размишљаат порано, а не сега. |
| zz, 08.10.2012 17:27:17 | a bre uste gi lazi i mu veruvaat namesto da napravat rezime na rabotnoto leto toj na negovive mu spakova interpelacija i sega kazuva deka davale po 100evra za glas dali veruvaat ili ne znaat matematika ili postrasno e toa deka dur ne vidat ne veruvaat,ovoj izboren zakon go ima glasano pratenici na sdsm ama onie buckovisti koj ne razbiraat sto se izbori. i nons top se falat deka ke pobedat .samo da go najdat mestoto. |
| tvrtko, 08.10.2012 18:54:43 | Ах бе гос.Феликс.Ти мора да си вмроовец.А да можете да ги прашате вработените на едно јавно претпријатие во Велес како нивниот 25-год. директор( инаку се претставува како роднина на премиерот) ги убедуваше да гласаат за вмро ќе ви се крене косата на главата.Затоа ако не знаете како победивте тогаш не трчајте како прле пред магаре. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 9°C
Претежно облачно
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 15°C, Мин: 1°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 14°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (47)Јованка му е лута на Тито и не сака да оди на лов со него. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|