Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
07.10.2012, 17:47

Епилог од интерпелацијата. Политиката е б��ак од интерес

Ниту владините партнери, ниту пак политиколозите немаат идеја како би можеле да се решат проблемите што ја предизвикаа кризата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Татjана Поповска

Оптоварени со сериозни несогласувања и намалена меѓусебна доверба, владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ треба да ја продолжат коалициската соработка, по довербата што им ја дадоа пратениците во петокот доцна вечерта. Како ќе функционираат понатаму, имаат ли капацитет да ги решат проблемите и да ги залечат раните што меѓусебно си ги нанесоа или и во двете партии знаат дека ова е само преоден период што мораат да го издржат, пред да распишат предвремени избори, се прашањата што во јавноста се наметнаа, откако стана јасно дека Владата на Никола Груевски нема да падне. Владејачкото мнозинство во петокот, со 68 гласа „за“ и 42 „против“, ја отфрли иницијативата за недоверба на Владата што ја поднесе СДСМ.

Ниту владините партнери, ниту пак експертите или политиколозите немаат идеја како би можеле да се решат проблемите што ја предизвикаа владината криза од 13 август - денот на одбележувањето на Рамковниот договор, кога делегација на АРМ се поклони пред борците на ОНА во Слупчане, па се' до денес. Никој не знае што ќе се случува со законот за бранители. Во ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека тој ќе се донесе, во ДУИ дека нема, ако не бидат опфатени и борците на ОНА. А во меѓувреме Талат Џафери продолжува да молчи на седниците на Комисијата за труд и социјалната политика. Исто како што никој не знае како ќе се реши проблемот со новите имиња на чаирските училишта.

Во партијата на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, велат дека и пред и по гласањето за доверба на Владата, институциите функционираат со полн капацитет.

„Важно е да се реализираат проектите и да нема застои во работата. Останува за проблемите да се обидеме да најдеме заедничко решение“, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Иако и во ДУИ официјално тврдат дека институциите на Владата функционираат, не кријат дека „ги погодило“ обраќањето на премиерот Груевски, со кое им прати јасна порака дека се неприфатливи нивните барања и однесувања, кои ги оцени како провокации. Сепак во партијата на Ахмите овие пораки ги толкуваат како лични ставови на Груевски, а не како позиции на Владата.

„Говорот на премиерот е негово лично мислење, а не владина политика. Владата мора да функционира во координација меѓу двата политички партнери, инаку ќе ни' се случуваат блокади“, велат од ДУИ.

Експертите се сомневаат дека Владата може уште долго вака да функционира. Велат дека или ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе седнат и ќе се договорат или ќе мора да се одржат предвремени избори. Политикологот Здравко Савески смета дека владините партнери и покрај тоа што се расправаат, тесно се поврзани за така лесно да ја растурат владината коалиција. Тоа, смета тој, го покажа и петочната седница на која Владата преживеа, а позициите на двете владејачки партии останаа забетонирани.

„Очекувам ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да продолжат да функционираат на истиот начин како и досега. ВМРО-ДПМНЕ да ги промовира своите аргументи, ДУИ своите, а коалицијата да не биде доведена во прашање. На овој начин и двете партии си ја дигаат популарноста пред локалните избори, а и за евентуални предвремени избори. Крај на целата оваа игра може да се стави само ако работите излезат од контрола, што може да биде и многу опасно“, вели Савески.

Доволен сигнал дека на кабинетот на Груевски наредниот период нема да му биде лесно, според политиколозите, е и поделеноста што министрите ја манифестираа на петочната седница. Не само што министрите од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ влегоа одвоено, едните со Груевски, а другите со Ахмети, туку и во текот на целата седница беше забележлива слаба, речиси никаква комуникација меѓу членовите на двата табора. Оттаму, логично е таквата поделеност и оддалеченост да се манифестира и во работата на владините институции.


Статијата е прочитана 1101 пати.

Испрати коментар



Политичка лакрдија
Нема да бидам премиер по секоја цена
Брисел разочаран од грчкиот меморандум
Хасан Приштина крај „Мавровка“



pile, 08.10.2012 01:15:14
Sostojbata na koalicionata Vlada vo R.Makedonija predvodena od DPMNE po sesttgodisnoto vladeenje i nenamenski i nedomakinski trosenja na narodnite pari so partizacija na sekoj segment od opstestvoto go dostigna svojot rubikon.Koga se istrosija i kadrovskite potencijali a pod pritisok na megjunarodnata zaednica pred se Vasington i Brisel prorabotuva i profesionalizmot kaj poedini kadri vo dvete partii.Svesni se deka vaka poveke nemozjat da vladeat a kako zadolzjeni cuvari kako na rejtingot na liderite taka i na partiite znaat deka rejtinzite ke pocnat zabrzano da im se topat a ne pak da privlecat od 40-te% neopredeleni glasaci.Kako ke gi privlecat koga tie vo izminatiot period se soravuvaa so istite kako so branitelite na primer neclenovi na DPMNE, a dodeka so statusot na borcite na ONA Ahmeti zavrsi rabota so tajniot majski dogovor so premierot kade dojde do izraz negovata principielna politika.Resenie e edno,Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost so Premier nadpartiska licnost
Istocna Makedonija, 08.10.2012 02:54:48
Da,politikata,otsekogas bila,e i ke bide brak od interes i na dovcerasni neprijateli i radikano sprotiv staveni politicki proviniencii,no varijabilni politicki matrici i ideologija...
jovan, 08.10.2012 07:17:46
Mozebi oni go odrzuvaat *brakot* poradi interes, no kade se tuka decata (nie) i kako oni se snaogaat vo toj *brak*.
jovan, vlada @, 08.10.2012 10:04:49
Па незнам што очекувавте вие дека ќе се случи нешто спектакуларно во петокот на некоја минута пред полноќ?Гладна кокошка просо сонува, како што СДСМ сонува да ја сруши владата и со помош на ДУИ да направи ново парламентарно мнозинство и да дојде без да оди на избори да се летитимира на власт, нели добра замисла а?? Абе освестете се веќе видовте дека на тоа што највеќе се надевавте во петокот пукна како меур од сапуница, заборавете веќе на тоа дека ДУИ ќе ве врати на власт без избори, и седнете спремете се локалните избори или предвремени парламентарни каде што ќе понудите нешто различно од ова, алтернатива на оваа власт која граѓаните ќе ја препознаат и ќе гласаат за неа, платформа со која ќе излезете пред целокупното македонско општество, а вака само се глупирате како во петокот со глумење на патриоти, демек поголеми католици од самиот папа сте а?Ако идејата ви беше а и сакавте да му го одземете на ВМРО патриотскиот чалам и вие да го начнете во петокот тогаш ја утнавте и тоа до даска.
ФЕЛИКС, 08.10.2012 11:25:11
За бранителите има лек според Шатевските коалициони соиграчи.Па така многу ги усреќија со предлогот да борците на ОНА се изедначат со бранителите.Предлог кој наиде на громогласен молк на бранителскиот лидер.Тоа е така секогаш кога од политикантско дејствување на повеќе фронта ќе испуштат конците и ќе се испомешаат брзините.Па така ем го шашардисуваат сопственото членство ем се бламираат.
Трпе, 08.10.2012 12:27:50
Нормално дека коалицијата ке функционира како и досега.Им се уарни и на двајцата лидери.До Групчин јас а после Групчин ти.Затоа ова коалиција е наречена ТЕНДЕР коалиција.Моите министри што ке остварат е наше а твоите министри што ке остварат е ваше.Државичката ни е со дубл премиери.
Хасан Приштина, 08.10.2012 15:09:36
Фелчо , дојди коментирај кај мојот текст , не се криј овде!
Kojco, 08.10.2012 17:39:56
Zosto sekoj tekst na ovoj neznalec FELIKS mora da bidne objaveno??????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 14°C, Мин: -1°C

Недела
Ведро
Макс: 16°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (48)
Напуштена и гладна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Фестивалот носи иновативни идеи
Искра Шукарова, програмска директорка на фестивалот за современ танц „Локомоушн“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |