07.10.2012, 17:47 Нема да бидам премиер по секоја цена
Груевски вели дека законот за бранителите треба да се донесе, но не и за таканаречените борци на ОНА
Премиерот Никола Груевски изрази благодарност за интерпелацијата зашто нејзиното поднесување, како што рече, ги исфрли на површина суштинските разлики меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Потоа тој додаде:
Пратениците и членовите на СДСМ не се навикнати некој политичар да реагира принципиелно, да биде чесен и искрен. Вие се' гледате низ призмата на сценарија затоа што вашиот претседател на тој начин 20 години се одржува на политичката сцена. Мислите дека така треба, тој за вас е успешен човек. Сметате дека сите се такви, но грешите. Ние немаме никакво сценарио. Напротив, имаме принципиелни разлики кои се уште постојат, испливаа на површина и не се резултат на само еден настан, туку на повеќе.
Груевски рече дека не планира, ниту сака да биде претседател на Влада по секоја цена, да седи во фотелја и да прави секакви компромиси само за да ја задржи позицијата. Подготвен е, потенцира, и за избори, во ноември, декември, јануари, февруари, март. Додека сум премиер, сценарија нема да има. Можеби затоа ви е тешко да разберете многу мои постапки, затоа сте во иста ситуација и по седум години, со шест изборни порази. Токму затоа што сте такви народот ве казнува, рече Груевски.
Премиерот рече дека нашето општество е кревко и поради тоа мора внимателно да се постапува, а проблемите треба јасно и гласно да се кажат. Тој го повтори ставот дека законот за зајакнувања на правата на бранителите треба да се донесе, но не и за таканаречените борци на ОНА.
„Настанот во Слупчане беше контрапродуктивен и ако целта беше некакво помирување како што беше кажано потоа во јавноста, не се сфати така, туку како предизборна провокација. За мене тоа беше неприфатливо и веднаш го повикав министерот за одбрана, му го кажав тоа директно и жестоко реагирав на таквото однесување. Промената на таблите во училиштата по насилен пат е акт на провокација, ставањето провокативни имиња не придонесува во градењето доверба, како што не придонесува и незаконското менување на имињата со што се демонстрира непочитување на Уставот и законите“, рече Груевски.
За провкација, додаде тој, може да се смета и интонирањето на албанската химна при почетокот на учебната или студентската година. „2001 не е така далеку како што ни изгледа. Раните на двете страни се уште не се залечени и затоа мораме претпазливо и со почит кон другиот да ги креираме сите наши постапки. И да разбереме дека намерите се најчесни, најискрени и конструктивни, нивната функција нема поента ако со тие дела се повреди нечие чувство или нечие достоинство“, истакна премиерот.
Груевски рече дека Владата досега реализира над 2.300 проекти и уште преку 1.000 планира да спроведе, за сите нив дава отчет, а на изборите она што ќе го вети, го исполнува. Програмата е јасна, реална, а делата се видливи, конкретни. Токму тоа и останатите наши најавени силни мерки во економијата, елиминирањето на доцнењата на ДДВ-то, оргомните инфраструткурни објекти, автопати, гасоводи и централи за 2013 година, зголемувањето на пензиите и очекувањето дека Европската комисија ќе даде најпозитивен извештај досега, се причините за интерпелацијата. Тоа ви пречи, но за вашата одговорност сами треба да се свестите. Слушнав денеска многу празни зборови и многу искривени тези, но тие говорат за оние што ги изнесуваат. Јас зборувам јасно и со факти, рече Груевски.
Пред светската криза, додаде, Македонија имаше историски најголем раст од шест отсто, а лани во екот на рецесијата забележавме еден од најголемите растови во Европа. Во сложени услови успеавме да ја намалиме невработеноста од 39 на 31 отсто. Од 2006 до 2008 година во Македонија се реализирани гринфилд инвестиции од преку 1,5 милијарди евра, забележан е раст на платите од 52 отсто, а на пензиите од 35 проценти, додека за најмалите 42 отсто. Нивото на девизни резерви е најголемо досега и изнесува 2,1 милијарда евра, не зголемивме ниту еден данок, денарот е стабилен, рече меѓу другото Груевски. |
|
Статијата е прочитана 1977 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Mark, 08.10.2012 00:20:59 | Dobro sto ni dadovte *size na nastupot* oti ne veruvam deka mnogumina(nitu jas) si skratija od sonot za da go slusaat..Crvenkovski mu e ocigledno *nightmare* na covekov no toa postavuva drugo prasanje - dali nekoj so takva akumulirana pizma e vo sostojba racionalno da rasuduva i a kamo li kompetentno da vladee?? |
| cane sokolovski, 08.10.2012 01:19:14 | 1.5 милилјарди гринфилд инвестиции?? Може премиерот да ни даде линк за да ние обичните смртници научиме нешто „епохално„. Премиерот вели дека ја намалил невработеноста од 39 на 31% ама ако тоа го направил со едно само продуктивно вработување ќе му честитам зошто остатокот е „гломализирање„ на и онака гломазната администарцијата и ништо друго. Премиерот кажува „феноменални„ бројки за пораст на плати и пензии ама не кажува од кога? Од 2006-2008? Ако сето ова е точно зошто генерална констатација е дека е животот полош сега!? Премиерот даде 2 стратешки пред изборни ветувања да ја внесе Македонија во евро-атлантските структури и да обезбеди 8 милијарди евра сди. Без разлика на причините, тоа не го направи. Во режимите на к.....а Вавилонија за ова се дава оставка. Тој и вака и онака вели дека не му е до власт по секоја цена! Па што тогаш чека!?
|
| Filip Sumski, 08.10.2012 01:37:56 | Pa gospodine premieru koga go povikavte ministerot za odbra pa go iskaravte ,oti ne pobaravte odgovornost od ministerot i negova promena. Isto izjavuvavate deka protiv zakonski e samovolno promenata na iminjata na ucilistata pa duri fakanje na spomenicite koj bea pred ucilistata i sigurno ne znaete ni kadese i peenje na Albanska himna ,pa toa ne se sluci pred edna nedela nego pominuvaat meseci a vie ne prevzemate nikakavi merki sem razgovori , i sega kogo loazite deka nesakate po sekoja cena da bidete premier:toa e sosema jasno deka seto sto se slucuva e vo dogovor so vasiot koaliciski partner, inako kualicijata se rastura. |
| pile, 08.10.2012 01:38:28 | ,,Gruevski neli ti bese dosta izjavi nekogasnata VMRO-DPMNE-vska politicka ikona sega politicki protivnik na DPMNE,vo nekoe drugo intervju ne vo nedelnikot ,,Fokus kade istiot podrobno gi elaborira sostojbite so podelbata i vlijanijata vo partijata na DPMNE, prosrpska so Dzingo,Latas, Mirka Milenkao i dr., probugarska so Antonio, Boneva i dr, i treta so Gruevski, Jankuloska i dr. koi gi narekuva borci za promena na istorijata.Najavata ne zaradi poslusnost sprema Georgievski ili zaradi potrebata za prisustvo na proslavata na Zabrnjak po povod 100 godisninata od Balkanskite vojni so visoka delegacija od sosedna Srbija, tuku ,,doso nozj do kosku sto bi kazjale sosedite od sever.Nekoj treba i da raboti a ne da politizira i da vetuva za vo idnina, od 8-te milijardi dolari do uvoznici na rabotna sila, a za izjavite vo stilot R.Makedonija od svetskata kriza mislejki na 2008 godina mozje i da ima korist.Sega mozje da im ponudime i na Evropskite zemji recepti po ekonomija po pravo po admin |
| ФЕЛИКС, 08.10.2012 07:33:14 | Можеби е така,да некој не сака власт по секоја цена,но од другата страна имате некои кој пак сакаат власт по секоја цена а неможат да ја освојат.Инаку не ми се верува да има политичар кој не сака власт.Па така премиерот ова го зборува од комодитет,оти знае каков впечаток остава опонентот кај гласачите.Додека опонентот е во ептен сликовита ситуација.Тој е како заталкан жеден караван во пустиња. Водачот на камилите постојано ги убедув�� другите да само што не стигнале до водата.А и кога ќе наидат на водата брзо се уверуваат да сето тоа е фатаморгана.Поради талкањето треба водачот на камилите да се смени ако сакаат да стигнат на посакуваната цел.П.С можеби ова личи малку бајковито,ама има врска со вистината. |
| Itar Pejo, 08.10.2012 08:25:44 | Нема да бидам премиер по секоја цена !!! Jasno mi e! |
| билјана, 08.10.2012 10:06:41 | Премиере, Вие веќе сте таму каде што сте по секоја цена. Една од отстапките ви беше амнестијата. Политичарите и општо луѓето, се премногу материјалистички насочени и како такви, пренебрегнуваат да видат дека има нешто што не е збор и ветување (како вашите постапки) и дека голем дел од сликата на една држава, на еден човек, на еден ВОДАЧ (вие не сте) е онаа невидливата енергија, неговата енергија она што го дефинира и што му овозможува да биде почитуван и од неговите непријатели. За жал, и покрај толкуте споменици, вие не сте спремен, заедно со вашите, да ја одбраните државава, да бидете оној кој ќе поставува ултиматуми на сите што се обидуваат да наштетат. Немате цврстина и државава не ја чувствувате како дом. Оти кога ќе ви се закануваат дома, кога постои опасност по животот на вашите блиски, вие несомнено, првиот инстинкт, кога зборовите нема да дадат резултат, е на секое следно нарушување на безбедноста, ќе ви биде да посегнето по нешто пожестоко. Како да имате резервна држава, дом. |
| Трпе, 08.10.2012 12:19:13 | Нормално дека по секоја цена нема да биде премиер.Сега целта му е да биде прерседател.Неколку пати досега има кажано дека сака да биде како Бранко.Човекот е болен од комплексијада.А обекањата му се многу јасни со ова ЌЕ,Ќе,ќе.Трба да се праша дали народот живееше порано подобро или сега.За пример на земјоделците им дели субвенци а тие бегат од земјата.Бројот на невработени се намалил кое е и нормално со вештачко бришење во заводот за невработени,дел вработени во администрација,голем дел млади запишани на дисперзирани факултети а колку има на работа во странство со бугарски пасоши.Со лага сака да се прави ага.Народот не му верува веќе затоа е и толку уплашен. |
| sigurno, 08.10.2012 12:21:28 | Srbite velat ko je lud nek veruje! |
| suze, 08.10.2012 12:33:43 | Е ПА ОДИ СИ ТОГАШ!ЗАТОАШТО ДОСЕГАШНАТА ЦЕНА НА ТВОЕТО ВЛАДЕЕЊЕ НАРОДОТ ГО ЧИНИ И ПРЕМНОГУ.ПА ЗАДОЛЖЕНИ СЕ ДУРИ И НАШИТЕ НЕРОДЕНИ ПОТОМЦИ! |
| Hari, 08.10.2012 12:33:43 | Felco , pusta zelba tvoja e da se smeni Brane, no mnogu tesko, moze koga tvojot Grujo ke ja vrati demokratijata vo drzavata koja toj licno je unisti.... |
| Баба Евда, 08.10.2012 12:35:01 | Прекрасен опис , шате бабино! На водачот само што не му тргнало!Сега ќе влезат 8,5 милијарди инвестиции , сега Егејците ќе добијат 35 милијарди од Грците , сега Субрата ќе купи хотел во Охрид , сега Полат Алендер ќе донесе туристи , сега каубоецот од Тексас ќе им вети нешто на говедата!!Сега водачот нема да му прозбори на Бесими , сега ќе ги тргне натписите од училиштата. А , за тоа време му игра пиперевка (или шота) на ко-водачот!Не е бајковито , но е вистинито , |
| penzionerka od doma, 08.10.2012 13:20:33 | Napati veke prashuvav i se zaprashuvav, dali Vladata- Premierpt, ministrite/kata, pratenicite; vistina ,naivno veruvaat vo onoa sto go zboruvaat ili pak se pravat*ja nisam odavde* i taka,sakaat da ni gi perat mozocite( a Boga mi i uspevaat)?! Za uspesite na ovaa Vlada, za penziite, za doprinesot, ajde da ne povtorivame, ama onaa negova bombasta izjava, mnogu ke mu posluzi,itoa, samo kaj onie sto pristanuvaat da bidat i da ostanat OVCI!Ajde da mu poveruvame deka *NEMA da bidam Premier po SEKOJA cena...*( sto so kazanoto, jasno e sto znaci, kako sto ni napisha Itar Pejo) AMA, drzi na toa da bide Premier, PO BILO KOJA CENA! Makar i so propast na narodot i drzavata, sto veke gledame!! |
| bezanec, 08.10.2012 14:07:12 | Да по секоја цена си премиер, ако тоа не беше ќе си отидеше уште многу порано. Нај еклантанте пример убиените 5 невини жртви на железничкото езеро,сменување на имината на училиштата и да не редам повеќе . Една поговорка вели „„Ббаа ако лаже трап не лаже„„ |
| d detroit, 08.10.2012 15:15:45 | aman bre covee dali imas sila i sovest ednas branko da ne ti e vusta abe dosta na udavi so taa sdsm jas napraviv tie ne napravija ta zatoa ta izbravme niv gi turnavme sto napraj ti bre gospodine aj ovie ko feliks sto gi lazis i ti veruvaat zosto tolkava mu e intelegencijata ama sto ni lazis site.Branko dali ke si odi ili ne ic gajle ne ne nie covece ti si vlada ti si gazda na keseto i pobratimot ahmeti ne sa glupavi albacite da glasat nedoverba ko taci kaj nif ispektori ne odat nas ne derite na sekoj kos .Ako ne tie da si to sto si odisi i ostajna raat barem ke sa najdi nekoj po pameten da gi vrzi gakite da ne gi turka pred ortakot . Ni ja plakavte majkata i nas i na makedonija |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -2°C
Ведро
|
Сабота
Сончево
Макс: 14°C, Мин: -1°C
|
Недела
Ведро
Макс: 16°C, Мин: 3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (48)Напуштена и гладна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|