07.10.2012, 17:42 Поглед
Брисел разочаран од грчкиот меморандум
Слободанка Јовановска
Дипломатите оцениле дека меморандумот на Атина не нуди ништо ново, освен ако не е начин да ја тргне блокадата од преговорите за Македонија
Грција изнесе на маса нацрт-меморандум на разбирање, очигледно со цел да се изнајде решение на нејзиниот долгогодишен спор со името со Македонија, но дипломатите во ЕУ изразија разочарување од неговата содржина, во која велат дека нема нови предлози, се вели во весникот „Еурактив“.
Во нацрт-меморандумот се повторува дипломатскиот јазик што веќе се користи во билатералните документи, а околу прашањето за името се наведува дека „каков било предлог треба да содржи јасна и дефинитивна географска одредница“ и дека „договореното име ќе се користи од сите и за сите цели“.
Весникот оценува дека останува нејасно дали Грција ќе ги повлече своите приговори за Македонија да започне пристапни преговори со ЕУ во случај да биде потпишан меморандумот, дури и ако се оддолжат разговорите за изнаоѓање заемно прифатливо име.
Дипломат на ЕУ за „Еурактив“ изјавил дека „не гледа ништо ново“ во грчкиот документ и дека пошироко во Брисел тој се смета како „разочарување“.
Според овој дипломатски извор, Грција може да биде доведена во искушение да ги деблокира пристапните преговори со Македонија потпишувајќи го меморандумот, само за да „биде задоволно“ нејзиното европско семејство. Но, тој додава дека не е во интерес на грчката Влада да го дополнува јавното незадоволство со компромис за прашањето за името, што националистите во земјата би го гледале како навреда.
Тајмингот на меморандумот очигледно би и' помогнал на Европската комисија да ја реафирмира европската перспектива на Македонија. На 10 октомври извршното тело на ЕУ треба да ги објави своите годишни извештаи за напредокот – или недостигот од напредок – на земјите кандидати за ЕУ, заклучува весникот.
|
|
Статијата е прочитана 2292 пати.
|
Испрати коментар
|
|
pile, 08.10.2012 00:59:41 | Daleku pooptimisticki i porealni bea izjavite na relevantni vladini pretstavnici od sosedna Grcija koga osnovano se povikuvaa za resavanje na nametnatiot spor so iznaogjanje na razumno resenie soglasno megjunarodnoto pravo kako i cekanjeto na povolna politicka klima za nadminuvanje na sporot ili baranjeto na verodostoen sogovornik za resenie na sporot, otkolku sodrzjinata na t.n.memorandum za pomiruvanje koj poveke ednostrano gi preureduva so povtoruvanje i gi doureduva vo korist na prvata strana odredbite sodrzjani vo VS od 1995 godina i pretstavuva neseriozen obid za trudot vlozjen kako od strana na Brisel i Vasinkton a posebno od OON za deblokada na procesot.Sepak celinata na tekstot odgovara na izjavata na G-dinot Aleksadros Maljas dadena za nedelnikot vo R.Makedonija ,,Gragjanski deka vremenata spogodba e nadminata rabota, kako i neodamnesnata izjava na najpatriotskiot Premier na R.M. deka VS e zjiva katastrofa,koga veke vakvi akti i izjavi neka pobaraat ukinuvanje na VS od 1995 |
| од анонимен дипломат исто, 08.10.2012 01:35:32 | Напротив, Слободанке, напротив, ја те разбирам, мораш така. Сеедно, меморандумот прашува јасно и гласно, иако тоа нас ни најмалку не ни се допаѓа, имате ли вие предлог какво би било компромисното име!!!!???Нормално, взаемно прифатливо!!!Кажете го и да седнеме.А после и ќе се братимиме и ќе се шетаме. ќе отвараме Маркови нозе и бла.бла.бла., ама после, и тоа е она најгадното во тој меморандум. Што би рекле ние џа или бу, Слободанке. Сепак се тие грци, политиката они ја измислија, далеку пред проституцијата/ |
| ФЕЛИКС, 08.10.2012 07:57:43 | Сите видоа да меморандумот нуди веќе познати а предходно договорени работи преку времената спогодба и нашето менување на уставот по желба на моморандистот.Но ново видоа само некои тукашни сиртаки експерти по ништо и изрипаа да меморандумот е ,,топка во нашиот двор,,и треба сериозно да се разгледа. П.С Делува комично забелешката на pile koj кажува нешта кој немаат ,,блага ,,со реалноста.Па така соседот бил ептен добар(а се разбира премиерот не е )кога предлага ,,изнаоѓање разумно решение ,согласно меѓународното право,, Вероватно не бил тука или ја преспал Хашката пресуда во која децидно стои да предлагачот на разумното решавање го прекршил меѓународното право.А можеби мисли да судот во Хаг и не е суд за толкување на меѓународното право,туку е партиска испостава на овдешната власт. |
| Хашкиот судија, 08.10.2012 12:43:06 | Господине Феликс , не си ја дочитал нашата пресуда! 1.Ние констатиравме дека Грција ја прекршила пресудата , кога ве спречувала да влезете во НАТО како ФИРОМ. 2.Ние го одбивме Вашето барање да и наложиме во Грција во иднина да не го прави тоа. 3. Ние ви повторивме дека прашањето за името треба да се реши со преговори во рамките на ОН. Ние не сме суд кој решава за два дена по желба на Тодоров и компанија!
Се надевам дека е ги сфатиш овие работи кога ќе пораснеш! |
| BitolaHamiltonCanada, 08.10.2012 14:46:43 | Bravos za Hashkiot sudija.Mu otcita dobra lekcija na Feliks.No nemoj da se nadevas za Feliks.Toj e beznadezen slucaj.Mu nema spas. |
| do prijatel, 08.10.2012 17:29:21 | Sega se potpisuvas i kako diplomat.Deluvas kako da imas problem so tvojot licen identitet.No nastrana toa.Makedonija dade predlog do juzniot sosed,a ti pisuvas deka ne dala.Toj predlog e dvojnata formula.Za cel svet i megjunarodnite organizacii ustavnoto ime,a samo juzniot sosed da ni se obrakja so ime koe toj bi go odbral za da ni se obrakja.Ne razbiras deka haskiot sud ne moze da mu nalozi na juzniot sosed da ne ja poprecuva Makedonija za clenstvo,bidejki pravoto na veto na sekoja clenka i e zagarntirano.Zatoa sudot vo Hag ne pobara od juzniot sosed da ja trgne blokadata. |
| до ФЕЛИКС, 08.10.2012 18:17:11 | Името Република Македонија официјално не постои.Тоа е заменето со ФИРОМ.Од нас и од Грција се бара да се пронајде друго име со кое ќе биде заменето ова сегашно ФИРОМ,и кое ќе се користи од сите и за сите цели на место на сегашното ФИРОМ,кое сега се користи од сите и за сите цели.Оние кои сакаат да ни се обраќаат со Република Македонија и понатака ќе можат да го прават тоа,но само во меѓусебни НЕОФИЦИЈАЛНИ контакти.Никаде во прсудата не стои дека е прекшено НЕКАКВО „меѓународно право“,туку е ПРЕКРШЕН чл.11,став 1 од Времената согласност,а тоа е дека Грција ја попречувала во Букурешт нашата држ.како ФИРОМ да се зачлени во НАТО,а според тој чл. НЕ СМЕЕЛА да го прави тоа.А ти кажа „Хашкиот судија“ дека е одбиено барањето на ФИРОМ,да се обврзе Грција, во иднина да не го прави тоа.Ако се повикуваш на Хашката пресуда треба да знаеш што пишува во неа. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСН��К“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Делумно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 15°C, Мин: 1°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 14°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (47)Јованка му е лута на Тито и не сака да оди на лов со него. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|