Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
07.10.2012, 14:47

Арената распродадена, Хрватска ја очекува пекол на „Филип Втори“

Фудбалската репрезентација на Македонија утре попладне (18 ч.) ќе стартува со подготовки за дуелот со „коцкестите" закажан за в петок

Сашко Ѓ. Димовски

Незначително мал број билети преостанаа во слободна продажба за претстојниот дуел меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Хрватска, в петок на „Филип Втори“, во квалификациите за Светското првенство во 2014 година, порачуваат од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Се однесуваат на столчиња на источната и западната трибина, преостанатиот дел од капацитетот на националната арена е веќе распродаден. За Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) беа издвоени 1.700 билети.

Македонија со нетрпение ги одбројува часовите до премиерното издание на националниот тим на домашен терен во мундијалската кампања кон Бразил. Очекувањата во јавноста се големи по добрите партии на нашите најдобри фудбалери во Загреб и Глазгов минатиот месец, па оттука и интересот за влезници за возвратното соочување со единаесеттата светска фудбалска сила според најновата ранг-листа на ФИФА.

За утре напладне (12 часот) во хотелот „Александар палас“ е закажан собирот на македонската фудбалската репрезентација, со попладневниот тренинг на „Филип Втори“ ќе стартуваат и подготовките за дуелите со Хрватска (12 октомври) и со Србија. Во воведната тренинг-сесија, како што е најавено, ќе присуствуваат сите што ги повика селекторот Чедомир Јаневски освен Иван Тричковски од белгиски Бриж, чие пристигнување во Скопје се очекува утре околу 18 часот. Неговото доаѓање е одличен сигнал дека полека се санира повредата со задната ложа што ја обнови на „Хемпден парк“ во дуелот со Шкотска на 11 септември. За среќа, засега, нема пријави за повредени фудбалери, иако дел од репрезентативците во текот на вчерашниот ден имаа обврски кон своите клубови во првенствата во кои настапуваат. Се надеваме дека ќе остане така и денеска за стручниот штаб да почне да кова стратегија за бодови без главоболки околу ростерот.

Нашата репрезентација ќе одработи вкупно четири тренинзи до натпреварот в петок. Утре ќе работи еднаш (18 часот, арена „Филип Втори“), две сесии се предвидени во агендата на селекторот за задутре (10 часот - игралиште на Работнички, 18 часот - арена „Филип Втори“) и по една в среда (18 часот - арена „Филип Втори“) и в четврток (10,30 часот - арена „Филип Втори“). За задутре (12 часот) е најавена и прес-конференција на селекторот Јаневски за претстојните предизвици наречени Хрватска и С��бија во квалификациите за СП 2014.

Македонија во првите два меча во квалификациите за СП 2014 освои само еден бод иако заслужи четири. Загуби на „Максимир“ од Хрватска со 1:0 и ремизира со Шкотска на „Хемпден парк“ 1:1. Затоа претстојните дуели во Скопје се од големо значење за правецот по кој ќе се движи нашата фудбалска репрезентација во маршрутата кон Бразил.

Хрватите доаѓаат на 11 октомври

Хрватската фудбалска репрезентација ќе пристигне во Скопје на 11 октомври претпладне и ќе одржи еден тренинг во време на одигрување на мечот ден подоцна. Како нејзина претходница, ден порано, во Македонија ќе допатува Зоран Сребриќ, поранешен генерален секретар на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), сега директор на репрезентацијата, за подготвување на теренот за избраниците на Игор Штимац.

Михајловиќ повика двајца дебитанти за Белгија и Македонија

Селекторот на Србија, Синиша Михајловиќ, денеска го објави списокот на играчи на кои смета за средбите со Белгија на 12 октомври и Македонија на 16 октомври. За нив тој не може да смета на повредените Душан Баста од Удинезе и на Немања Томиќ од Партизан (Дарко Лазовиќ е прекомандуван во младата репрезентација), а во тимот го нема и Милош Нинковиќ од Динамо Киев. Затоа е повикан Миралем Сулејмани од Ајакс иако има повреда на лигаментите како и двајца дебитанти. Станува збор за фудбалери од средината на теренот од италијанската Серија А, Ален Стевановиќ од Торино и Ненад Крстиќ од Сампдорија.

Голмани: Владимир Стојковиќ (Партизан), Жељко Бркиќ (Удинезе), Дамир Кариман (Таврија)

Одбрана: Бранислав Ивановиќ (Челзи), Александар Коларов (Манчестер сити), Невен Суботиќ (Борусија Дортмунд), Матија Настасиќ (Манчестер сити), Ненад Томовиќ (Фиорентина), Милан Бишевац (Олимпик Лион), Никола Максимовиќ (Црвена звезда), Александар Луковиќ (Зенит)

Среден ред: Срѓан Мијаиловиќ (Црвена звезда), Љубомир Фејса (Олимпијакос), Радослав Петровиќ (Генчлербирлиги), Александар Игњовски (Вердер), Немања Матиќ (Бенфика)

Напад: Зоран Тошиќ (ЦСКА Москва), Ненад Крстичиќ (Сампдорија), Марко Шќеповиќ (Партизан), Душан Тадиќ (Твенте), Дејан Лекиќ (Осасуна), Филип Ѓуручиќ (Херенвен), Ален Стевановиќ (Торино), Мирален Сулејмани (Ајакс), Лазар Марковиќ (Партизан)


Статијата е прочитана 1425 пати.

Испрати коментар



Штимац
Хрватските хулигани нема да го видат Скопје
За Интер 220. миланско дерби
Илиевска со бронзен медал на Медитеранскиот шампионат
Пандев му донесе победа на Наполи
Меси 2, Роналдо 2
МЗТ Скопје поразен во Подгорица
(ФОТО) Вардар падна во Тетово
Илиевски и Цедевита паднаа во Сплит
Осум гола на Лазаров во Целје
Триумф на Фетел во Сузука
(ФОТО) Металург го преслуша и Горење
Победи на Челзи и Манчестер Сити
Пол позиција за Фетел на Големата награда на Јапонија
Металург загреан за Горење
Пандев и Наполи надиграни во Ајндховен
Лазовски - Неуспехот во Венецуела беше пресуден за оставката
Ракометарките одиграа нерешено со Црна Гора
Кираџиев единствен македонски претставник на СП во полумаратон
Лазовски се повлекува од кошаркарската репрезентација
Нексе добра поука за Горење
Вардар казнет со 10.000 евра
Ставрев ќе го суди мечот Русија - Азербејџан
Балотели им ја скрати радоста на „милионерите“
Тодоров задоволен од победата, но не и од играта
Металург поразен од Нексе
Втора победа за МЗТ Скопје во АБА лигата
Финансиска полиција го „чешлаше“ Наполи
Светската лига во ватерполо без Македонија
Македонија падна седум места на ФИФА листата
Карабатиќ негира дека се обложил на мечот под истрага
„Металците“ не го потценуваат Широки
БАТЕ Борисов непријатно изненадување за Баерн

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 3°C

Вторник
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (20)
Плачењето на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Можеме ли да ја повратиме дивината?
Амбициозните програми за обновување и повторно оживување на деградираните екосистеми ја предизвикуваат претпоставката де...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |