Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
03.10.2012, 16:06
Светската лига во ватерполо без Македонија



Според променетиот систем на квалификации за ЕП, „црвено-жолтите“ директно во баражот

Ватерполо репрезентацијата на Македонија нема да учествува во новото издание на Светската лига, која ќе стартува на 31 октомври. Светската пливачка федерација ФИНА денеска го објави новиот распоред на натпреварите во групата Б, во која „црвено-жолтите“ требаше да ги одмерат силите со европскиот шампион Србија, со годинашниот финалист во Лигата, Шпанија, како и со петтата европска сила Германија. Без Македонија, европскиот дел од ова натпреварување се сведе на 11 селекции, при што во групата А ќе играат бранителот на трофејот Хрватска, потоа Грција, Турција и Црна Гора, а групата Ц ја сочинуваат Романија, Италија, Русија и Унгарија.

Македонија беше дел од последните три изданија на Светската лига и во сите три оствари по една победа во својата група, сите три во Скопје. Во дебитантскиот настап во сезоната 2009/2010 избраниците на тогашниот селектор Стеван Нонковиќ славеа против Грција со 7:6, а во групата беа уште Хрватска и Русија. Наредната година падна Германија, а игравме и со Србија и со Шпанија. Во минатата сезона, пак, повторно жртва беа Германците, кои играчите селектирани од Сашко Поповски ги совладаа со 13:12 по изведувањето пенали.

Светската лига им служеше на македонските ватерполисти за што подобро да се подготват за квалификациите за еврошампионатите. Овој пат бројот на мечевите ќе им биде сведен на минимум (по еден дома и на гости) и поради целосно реформираниот квалификациски систем објавен пред два дена. Според него, Македонија ќе игра директно во баражот за ЕП 2014 во Унгарија по поништувањето на ждрепката што ја смести во група со Франција, со Велика Британија и со Чешка. Привилегираната положба се должи на 11. место на јануарското ЕП во Холандија, од кое селекциите пласирани од седмата до 12. позиција (Шпанија, Романија, Хрватска, Холандија, Македонија и Турција) ќе ги избегнат претквалификациите по групи. Шесте првопласирани од Ајндховен (Србија, Црна Гора, Унгарија, Италија, Германија и Грција) се автоматски учесници на ЕП во Будимпешта.

Уште еден момент што ќе влијае врз драстично намалување на ватерполо активностите во Македонија е и неиграњето на Работнички во Првата Б-лига на Србија, а овој клуб е базата на репрезентацијата. (Р.Д.)

Статијата е прочитана 588 пати.

Испрати коментар



Нексе добра поука за Горење
Вардар казнет со 10.000 евра
Ставрев ќе го суди мечот Русија - Азербејџан
Балотели им ја скрати радоста на „милионерите“
Тодоров задоволен од победата, но не и од играта
Металург поразен од Нексе
Втора победа за МЗТ Скопје во АБА лигата
Финансиска полиција го „чешлаше“ Наполи
Македонија падна седум места на ФИФА листата
Карабатиќ негира дека се обложил на мечот под истрага
„Металците“ не го потценуваат Широки
БАТЕ Борисов непријатно изненадување за Баерн



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 9°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече - Јованка го спасува. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кој е новиот шеф на Грузија
Биѕина Иванишвили, со богатстство од 6,4 милијарди долари, живее во вселенска палата од челик...
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |