Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
03.10.2012, 17:55

„Аутомобиле СК“ застапник за легендарниот „џип“


„Аутомобиле СК“ е новиот ексклузивен увозник на легендарната американска марка „џип“. Веќе 16 години оваа компанија успешно егзистира на македонскиот автомобилски пазар застапувајќи ги италијанските марки од групацијата ФИАТ. Од оваа година благодарение на стратегиското соединување на ФИАТ и „Крајслер“, портфолиото на „Аутомобиле СК“ се проширува со марката која е синоним за офроуд-возила – „џип“.

Во понудата можат да се најдат легендарниот „вранглер“, кој корените ги влече од воениот џип „вилис“, урбаниот „џип компас“, како и добро познатиот „гранд чир��ки“. „Вранглер“ ќе се нуди во две изведби, со три и со пет врати, и со три нивоа на опрема – „спорт“, „сахара“ и „рубикон“.

„Компас“ е урбаниот џип, а прв пат ќе се нуди „џип“ со погон на предните тркала. Големиот „гранд чироки“ е на врвот во понудата.

Цените на „вранглер“ почнуваат од 36.500 евра, на „компас“ од 22.700 евра и од 51.000 евра за „гранд чироки“.

„Џип“ е марка која претставува слобода и автентичност. Пред седумдесет години се појавил за потребите на американската војска. Но, оттогаш американската марка продолжи да се развива лансирајќи модели за цивилниот пазар за задоволување на потребите за мобилност и желбата за сопствена слобода. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 699 пати.

Испрати коментар



Австријци ќе инвестираат во еколошки проекти
„Кока-Kола“ на врвот, „Гугл“ изби пред „Мајкрософт“
Апсолутно или релативно - долгот притиска

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 9°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече - Јованка го спасува. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кој е новиот шеф на Грузија
Биѕина Иванишвили, со богатстство од 6,4 милијарди долари, живее во вселенска палата од челик...
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |