Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.10.2012, 10:23

Tурската армија ги гранатира сириските позиции

Турската армија, распоредена во Акчакале, продолжува да извршува артилериски удари врз сириски позиции во реонот на сирискиот град Тал ал Абјад, на околу 10 километри од границата со Турција, јавија западни медиуми повикувајќи се на извори во силите за безбедност.

Тие наведуваат дека артилерискиот оган во кој вчера беа убиени петмина цивили на турска територија, бил истрелан од Тал ал Абјад.

Во турското гранатирање биле убиени војници, лојални на претседателот Башар ал Асад. Бројот на загинати не е прецизиран.

Во вчерашниот напад од сириска територија во Акчакале загинаа една жена и четирите нејзини деца, а 13 беа повредени.

Турските медиуми јавија дека една третина од населението од Акчакале е евакуирано.

Парламентот на Турција утрово на вондредна седница расправа дали да и даде мандат на армијата за трансгранични операции во Сирија. Таквата одлука беше донесена на синоќешната средба меѓу премиерот Реџеп Таип Ердоган со владиниот и армискиот врв.

Мандатот на армијата за трансгранични операции предвидува „да се реагира во случај на неопходност“. Сличен мандат турската армија доби во 2007 година за Северен Ирак.

Турција синоќа побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да ги преземе „неопходните дејствија“ по сириското гранатирање. Во писмо на постојаниот претставник на Турција во ОН, Ертугрул Апакан до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и до претседавачот на Советот за безбедност за овој месец, постојаниот претставник на Гватемала Герт Розентал, Анкара го оцени инцидентот како „појава на агресија на Сирија врз Турција“.

Во писмото Турција бара од Советот „да преземе неопходни мерки за ставање крај на такви појави на агресија и гаранции дека Сирија ќе го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста на Турција“.

Русија побара одложување на усвојувањето на декларацијата до 14 часот по Гринич, за да може руската мисија во ОН да се консултира со Москва. Според дипломтски извор можно е Русија во меѓувреме да предложи измени на текстот или дури да предложи меѓународна истрага на инцидентот.

Во меѓувреме, амабсадорите на државите-членки на НАТО остро ја осудија Сирија за гранатирањето на Турција и упорното кршење на меѓународното право. По вонредниот состанок одржан синоќа, тие изразија длабока загриженост и ја предупредија Сирија да престане со „агресивни дејсвија против држава-членка“ како и со „упорното кршење на меѓународното право“, се наведува во соопштение.

Во исто време, Сирија соопшти дека врши истрага за минофрлачкиот напад во кој загинаа петмина цивили, а 13 беа повредени во соседна Турција и повика на воздржаност откако Турција во одговор нападна цели во Сирија.

Сирискиот министер за информации Омран Зуби изрази сочувство на семејствата на турските граѓани кои загинаа во нападот. Тој нагласи дека Сирија го почитува суверенитетот на соседните земји и повика и другите да го почитуваат суверенитетот на Сирија и да ги контролираат границите со цел да спречат преминување на бунтовници и шверц на оружје.

Омран Зуби потврди дека Дамаск се држи до добрососедските односи со турскиот народ, кој останува пријател и брат.

Сириските бунтовници, исто така, потврдија дека Турција извршила напад на позиции на сириската армија по минофрлачкиот напад врз турско погранично село.


Статијата е прочитана 406 пати.

Испрати коментар



Владата на Груевски доби доверба
Викиликс аргумент во кавгите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Кавги меѓу ДУИ и ДПА на седницата за доверба на Владата
Ахмети
Игрите во Владата да бидат прекинати со фер избори
Меморандум за двојна употреба
Поддршка од Чешка за членство на Македонија во НАТО
ЕК со нова препорака за почеток на преговори со Македонија
Кардиолозите бараат повеќе кардиоваскуларни центри
Според синдикатите во Македонија пристојно се работи
Ивановски - Владата доживеа пораз на економски план
Трговскиот дефицит се искачи на 1,6 милијарди
(ФОТО) Тројца повредени во масовна тепачка во автобус на ЈСП
Петмина илегалци фатени кај Неготино
Жена со чанта тепала полицајци во Гостивар
Ставрески по инвеститори во Индија
Кадровски промени во СВР Тетово
Диво казино по вторпат падна во „Детонатор“
Јанкулоска си замина, во Арачиново се пука
(ФОТО) Собраниска седница за доверба на Владата
Вашингтон не сака вонредна средба на Г-20 за цените на храната
Опозицијата го прати Мисовски на координација кај Вељаноски
Дража Михајловиќ од денеска официјално мртов
Грчката дијаспора ќе го плаќа долгот на Атина
Тимот на Груевски на парламентарен тест до полноќ
Обама го обвини Ромни дека лажел за време на дебатата
Иванов одликуван со орден на Европското движење на БиХ
СДСМ ќе се појави на координација кај Вељаноски
Родители и петмесечно бебе повредени кај „Мајчин дом“
Сирија и се извини на Турција за вчерашниот напад
Ќе се градат 100 повеќенаменски игралишта
СДСМ - Вељаноски се обидува да ја опструира расправата за доверба на Владата
Бесими ќе отсуствува на гласањето за доверба
Тодоров не сака театрални изјави на преговорите со лекарите
ФФРМ една деценија ги едуцира земјоделците
Иванов бара помош од БиХ за смртта на Трајковски
Иванов - Имаме Времена спогодба и таа треба да се почитува
„Индекс мунди“ - Македонија 21. во светот по невработеност
Турскиот парламент одобри воена опeрација во Сирија
(ФОТО) Илјадници граѓани го преплавија „Скопје сити мол“
Владата го добила и ќе го разгледа писмото од Аврамопулос
ДДВ за компјутери и за сончеви колектори останува 5 отсто
„Сосиете женерал“ ја продава грчката филијала „Геники“
Светска банка бара 600 милиони нови работни места до 2020
„Аман“ отсега на протести во саботите
Владина делегација повторно замина во Индија
САД бараат шест млрд. долари од Иран за 11 септември
Ештон бара воздржаност од Турција и Сирија
Почина застреалниот жител од скопско Копаница
Претседателот Иванов во посета на Босна и Херцеговина
Аврамопулос предлага меморандум за договарање на рамката на преговорите
Во првата рунда Ромни го победи Обама
„Арчелор Митал“ инвестира 3,5 милиони евра во постројка за поцинкување
Немало пресметка меѓу ученици во Чаир
Петмина добитници на наградата „11 Октомври“
„Аутомобиле СК“ застапник за легендарниот „џип“
Со туѓи пари плаќале роденденски забави
Апелациониот суд ги потврди казните за „Фаланга“
Мартин Треневски го продаде радиото
Во Белград уапсена секретарката која намерно ширела ХИВ вирус
„Гугл“ пред „Мајкрософт“, „Кока кола“ на врвот
Демонстрации во Техеран поради падот на вредноста на риалот
Абдул Алили е осомничениот за двојното убиство во Италија
Отворен Информативен музејски простор на „Александар Велики“
Расмусен реизбран на челната позиција во НАТО
Јанкулоска - МВР нема нови сознанија за атентатот врз Глигоров
Австријци ќе инвестираат во еколошки проекти
(ФОТО) Скопје Сити Мол пoчнува со работа
Бесими - Македонија придонесува за регионалната и глобалната безбедност
Исламисти извршија јавна егзекуција во Мали
Бивш командант на ОНА пронајден мртов во штипскиот затвор
Kосовските емигранти испраќаат дома 600 милиони евра годишно
Kомпромитирачкo видео пак во фокусот на претседателската кампања во САД
Атина дојде до Грците со сметки во Швајцарија
Генерален штрајк на Белгиската железница
Седумнаесет години од атентатот врз претседателот Глигоров



objektiven, 04.10.2012 13:00:44
Kucinjata na vojnite ne miruvaat, besni se baraat sveza krv.Kakvo samo scenario se kadri da napravat.Normalen covek bi se zaprasal, *zosto i koja e celta ako Sirija ja napadne Turcija*?Nema motiv, a plus si ima vnatresni problemi skroeni i podrzani od *megunarodnite demokrati*.Poveke e verojatno da ako e istrelano od Sirija kon Turcija toa se tn buntovnici (vo stvarnost teroristi koi sakaat megjunarodna intervencija kako vo Libija,istite se), a deluvaat po direktiva od *sponzorite*.Veke na golemo *trubat nezavisnite* zapadnite profasisticki glasila.Perat mozok.Ta tie i se vo funkcija na fasizmot, plateni od nivnite gazdi koi gi imaat vo sopstvrnost istite.Nema kraj na krvoprolevanjeto, ne znaat kucinjata za dosta!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 10°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (18)
Ранковиќ на удар на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Скопје е во фокусот на „Бела ноќ“
Утревечер на повеќе градски локации ќе се одржуваат изложби, музички настани, перформанси, поетски читања, журки......

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |