Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
03.10.2012, 15:47
„Гугл“ пред „Мајкрософт“, „Кока кола“ на врвот



На врвот на листата на „Интербренд“ 12 години едноподруго е „Кока кола“, но интересно е што „Гугл“ го надмина „Мајкрософт“. Од ИТ компаниите и натаму прв е „Епл“

Листата што ја објави консултантската куќа „Интербренд“ покажува дека „Кока кола“ и после 12 години не се симнува од врвот, како највреден бренд во светот. Првото место оваа компанија го држи уште од 2000 година. Вредноста на компанијата се проценува на вкупно 77.839 милијарди долари.

На „Кока Кола“ опасно и се приближува „Епл“, благодарение на големата популарност на телефоните и на таблетите произведени од компанијата. Оваа компанија е на второ место на листата на „Интербренд“, како резултат на убедливо најголемиот раст на вредноста на брендот, за дури 129 отсто, достигнувајќи 76,568 милиони долари. Аналитичарите проценуваат дека со ова темпо на раст следната година „Епл“ може да ја надмине вредноста на брендот на „Кока-Кола“ и да стане највреден светски бренд, покрај тоа што неодамна стана највредната светска комапнија. На трето место со раст на вредноста на брендот од 8 отсто, односно 75,532 милиони долари, се наоѓа брендот на технолошката компанија ИБМ, а на четвртото место со раст на вредноста од 26 отсто се наоѓа светски познатиот пребарувач „Гугл“. Овој бренд според истражувањето сега вреди 69,726 милиони долари.

Меѓу првите десет на листата на „Интербренд“ единствен пад на вредноста на брендот забележува „Мајкрософт“, чија вредност опадна за 2 отсто, на 57,853 милиони долари.

За прв пат оваа година „Гугл“ го надмина „Мајкрософт“. Доброто претставување на „Гугл“ може да се објасни со одржливите позиции на компанијата и во другите сегменти од пазарот, интернет пребарувањето , онлајн-рекламирањето, мобилните реклами и мобилните оперативни системи. Меѓу првите десет највредни брендови на светот се наоѓаат и „Џенерал електрик“, „Мекдоналдс“, „Интел“ и „Тојота“. Најдобро позициониран неамерикански бренд е јужнокорејската компанија „Самсунг“, која се најде на деветтото место.

Европските брендови не се најдоа меѓу првите 10 на ранг листата на „Интербренд“. Од европските марки највисоко котира „Мерцедес-Бенц“ на 11. позиција и БМВ на 12 место.

Најдобро позициониран нов бренд е „Памперс“, на 34 место, а нови на листата се и „Прада“ и „Мастер кард“. Пад на вредноста минатата година, претрпеа една четвртина од брендовите на листата од 100 највредни. (С.М.)





Статијата е прочитана 519 пати.

Испрати коментар



СДСМ ќе се појави на координација кај Вељаноски
Родители и петмесечно бебе повредени кај „Мајчин дом“
Сирија и се извини на Турција за вчерашниот напад
Ќе се градат 100 повеќенаменски игралишта
СДСМ - Вељаноски се обидува да ја опструира расправата за доверба на Владата
Бесими ќе отсуствува на гласањето за доверба
Тодоров не сака театрални изјави на преговорите со лекарите
ФФРМ една деценија ги едуцира земјоделците
Иванов бара помош од БиХ за смртта на Трајковски
Иванов - Имаме Времена спогодба и таа треба да се почитува
„Индекс мунди“ - Македонија 21. во светот по невработеност
Турскиот парламент одобри воена опeрација во Сирија
(ФОТО) Илјадници граѓани го преплавија „Скопје сити мол“
Владата го добила и ќе го разгледа писмото од Аврамопулос
ДДВ за компјутери и за сончеви колектори останува 5 отсто
„Сосиете женерал“ ја продава грчката филијала „Геники“
Светска банка бара 600 милиони нови работни места до 2020
„Аман“ отсега на протести во саботите
Владина делегација повторно замина во Индија
САД бараат шест млрд. долари од Иран за 11 септември
Ештон бара воздржаност од Турција и Сирија
Почина застреалниот жител од скопско Копаница
Претседателот Иванов во посета на Босна и Херцеговина
Аврамопулос предлага меморандум за договарање на рамката на преговорите
Tурската армија ги гранатира сириските позиции
Во првата рунда Ромни го победи Обама
„Арчелор Митал“ инвестира 3,5 милиони евра во постројка за поцинкување
Немало пресметка меѓу ученици во Чаир
Петмина добитници на наградата „11 Октомври“
„Аутомобиле СК“ застапник за легендарниот „џип“
Со туѓи пари плаќале роденденски забави
Апелациониот суд ги потврди казните за „Фаланга“
Мартин Треневски го продаде радиото
Во Белград уапсена секретарката која намерно ширела ХИВ вирус
Демонстрации во Техеран поради падот на вредноста на риалот
Абдул Алили е осомничениот за двојното убиство во Италија
Отворен Информативен музејски простор на „Александар Велики“
Расмусен реизбран на челната позиција во НАТО
Јанкулоска - МВР нема нови сознанија за атентатот врз Глигоров
Австријци ќе инвестираат во еколошки проекти
(ФОТО) Скопје Сити Мол пoчнува со работа
Бесими - Македонија придонесува за регионалната и глобалната безбедност
Исламисти извршија јавна егзекуција во Мали
Бивш командант на ОНА пронајден мртов во штипскиот затвор
Kосовските емигранти испраќаат дома 600 милиони евра годишно
Kомпромитирачкo видео пак во фокусот на претседателската кампања во САД
Атина дојде до Грците со сметки во Швајцарија
Генерален штрајк на Белгиската железница
Седумнаесет години од атентатот врз претседателот Глигоров

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 9°C

Петок
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече - Јованка го спасува. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кој е новиот шеф на Грузија
Биѕина Иванишвили, со богатстство од 6,4 милијарди долари, живее во вселенска палата од челик...
Ексклузивен и шарен 31. „Скопски џез-фестивал“
Периодот од 19 до 23 октомври, во МОБ, Универзална и Сити хол-центар ќе биде исполнет со европски и американски џез...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |