03.10.2012, 16:23 „Бела ноќ“ в сабота во Скопје
„Скопје: врвна колекција на лични сеќавања 1960 - 2010 вол. 1“ е насловот на изложбата составена од пет дела на младите куратори Филип Јовановски, Ивана Васева, Јованка Попова, која ќе биде отворена на различни градски локации на „Бела ноќ“, на 6 октомври. Годинава за оваа манифестација Град Скопје одвои 3,5 милиони денари, а во градот почнувајќи од 11 часот во Зоолошката градина, до доцна во ноќта, ќе се одвиваат голем број изложби, видеопроекции, музички настапи, перформанси, филмски проекции, модни ревии во кои ќе бидат вклучени околу 200 македонски уметници. |