03.10.2012, 11:38 (ФОТО) „Тојота“ го претстави новиот „паметен инсект“
„Smart Insect“ електричeн едносед, кој поседува технологија на препознавање на гласот и системите за предвидување на однесувањето
Опишан како концепт на следната генерација поврзан со разни комуникациски технологии, „Smart Insect“ електричното возило со едно седиште, технологија на препознавање на гласот и системите за предвидување на однесувањето.
Кога лицето ќе пристапи до возилото, автомобилот го активира софтверот за препознавање на лицето за да го идентификува. Кога тоа ќе се случи, затреперуваат светлата и зборува „Hello! Кога се влегува во ентериерот, виртуалениот агент комуницира со возачот и ги предвидува неговите или нејзините намери. Ова може да звучи бизарно, но се сведува на тоа дека автомобилот ќе ја вклучи вашата омилена радио станица и ќе ви даде дирекции до локацијата до која вообичаено возите (на пример доколку го вклучите автомобилот во понеделник наутро, ќе ви даде дирекции за на работа).
Системот има и интеграција на смартфон и можност да управува со клима уредот во куќата на сопственикот.
|