03.10.2012, 18:20 Петмина добитници на наградата „11 Октомври“
Академик Владо Камбовски, професорот Димитар Мирчев, писателот Веле Смилевски, кардиологот Самуел Садикарио и оперскиот пејач Борис Трајанов се добитници на државната награда „11 Октомври“ за 2012 година.
Претседателот на МАНУ, Камбовски, и амбасадорот Мирчев ја добиваат наградата за животно дело во областа на науката. Смилевски и Трајанов за животно дело во областа на културата и уметноста. Садикарио, пак, за животно дело во областа на здравството, спортот и хуманоста.
Одлуката ја донесе Одборот за доделување државна награда „11 Октомври”, чиј претседател е академик Георги Старделов, а наградата ќе им биде врачена на добитниците в четврток, на 11 Ок��омври, во Македонската академија на науките и уметностите. (П.Р.) |