03.10.2012, 12:42 Исламисти извршија јавна егзекуција во Мали
Радикални исламисти во северниот дел на Мали погубија едно лице, обвинето за убиство, а извршувањето на смртната казна го гледале околу 600 луѓе во градот Тимбукту.
Ова јавно погубување само е едно во низата чекори на исламистите, кои на свој начин го толкуваат и применуваат исламскиот шеријатски закон.
Исламистите претходно каменувале до смрт една двојка поради прељуба, а на други осум луѓе им нанеле трајни физички повреди.
Еден жител на градот изјави дека на осудениот човек му било пукано од зад грб, но тој починал дури неколку часа подоцна.
Исламистите, исто така, вчера во градот Доуенца камшикувале четири лица бидејќи пиеле пиво.
Екстремистите поврзани со Ал Каеда ја преземаа контролата врз северниот дел на Мали оваа пролет, искористувајќи го политичкиот вакуум кога со воен преврат беше соборена демократски избраната влада. |