03.10.2012, 16:18 Апелациониот суд ги потврди казните за „Фаланга“
Скопскиот Апелационен суд целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со кражба и преродажба на артефакти познат како „Фаланга“.
Одлуката на повисокиот суд доаѓа по безмалку една година од изрекувањето на првостепената пресуда со која на 20-тина обвинети судот им изрече затворски казни во времетрање од 69 години, а двајца обвинети минаа со условни казни. На 21. октомври минатата година Основниот суд Скопје 1 на највисока затворска казна го осуди Бојан Лападатовиќ, а две години помалку доби Миодраг Готиќ, од валандовското село Марвинци. Една година помалку, односно пет години затвор доби Димитар Мицов, земјоделец од Неготиво, а на единствена затворска казна во траење од четири години беше осуден полицаецот Гоце Ѓорѓиоски. За сите споменати судот рече дека се организатори на големата група дивокопачи и препродавачи на артефатки. (Љ.С.)
|