Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
03.10.2012, 18:13

Мое ќоше

Семејни ТВ-драми

Ерол Ризаов

Ништо нема да се промени во уредувачките политики на највлијателните телевизии по примена на Законот за радиодифузија

Полека привршуваат семејните драми на македонските газди на телевизии и на радиостаници. Нашите медиумски магнати беа на голема мака, конечно, да го почитуваат Законот за радиодифузија. Според три члена од овој Закон донесен пред повеќе години, а досега неприменет во практиката, носителите на јавни функции не можат да бидат истовремено и сопственици на телевизии и електронски медиуми. Законот ги ограничува партиските лидери, пратеници, високи и мали функционери... да имаат далечински управувач во раката кој може во секој миг да активира мала нуклеарна бомба најопасна во политиката. Се разбира, веднаш погодувате зошто законодавецот се обидел да го регулира медиумскиот простор да нема такво моќно оружје во рацете на оние што можат и да те тужат и да те судат. Дури Законот оди и чекор подалеку, па не дозволува поврзани лица како што се блиски роднини браќа, сестри, татко и мајка да бидат носители на сопственоста. А не дозволува ни ист сопственик да има и печатени и електронски медиуми. Тоа во комбинација со јавна функција е поопасно и од атомска бомба.

И нормално, на влијателните медиумски газди кога се мора, не им беше тешко да се откажат од јавните функции или некако ако може да ги продадат фиктивно телевизиите, а да си останат пак газди. Фиктивно или реално бргу ќе се види, но останува во сила суштинското прашање: што ќе се промени сега во уредувачките политики на највлијателните телевизии ако газдите се откажале од политичките функции или ако, да речеме, вистински ја продале својата телевизија. Јас мислам дека ништо нема да се промени. И тие што се откажале од јавните функции и новите газди, ако воопшто ги има, ќе го задржат истиот пристап единствен во светот: да се критикува само опозицијата, а никогаш власта, иако целата власт веќе седум години цврсто е во рацете на коалициските партнери предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Се разбира, по волја на народот. Не тврдам дека ваквото спроведување во практика на Законот е пресипување од шупливо во празно, но сигурно не е вистинското решение за демократизација и регулација на медиумскиот простор за рамноправен натпревар и здрава конкуренција на медиумите на и онака малиот пазар .

Имаше и други идеи да се воведе целосна либерализација на сопственоста на медиуми без ограничувања. Па сите што сакаат да имаат и весници и списанија, телевизии и радиостаници, портали и разни онлајн-изданија да можат да го поседуваат тоа, па нека повелат во медиумска војна до истребување, нека се изборат за гледаност и читаност, за повеќе реклами и огласи. Но, многу бргу се увиде дека во таква анархична состојба нема да победи квалитетот, туку повторно ќе превладеат политичките интервенции и притисоци, селективното и коруптивно рекламирање од страна на најголемиот огласувач во земјата и сето она што го правеше досега нерегуларен медиумскиот пазар ќе биде присутно уште понагласено.

Чаре... има ли лек за ваквата состојба? За жал, нема. Поточно, нема готова формула да се воспостави здрав медиумски пазар. Тоа е директно поврзано со демократското зреење на самата држава, со повисоката политичка, комуникациска и општа култура, со повисоко образование и повисок стандард. Запрените демократски процеси ги изместија суштинските стандарди за добро новинарство. Кај нас, спротивно од слободниот свет, новинарски подвиг е да се напаѓа и критикува послабиот, политичката опозиција, а не злоупотребата на власта, центрите на моќ, криминал и корупција. Истражувачкото новинарство е сведено на маргините, а одговорноста за пишаниот збор е најголема за новинарите. Сопствениците на медиумите во Македонија во најголем број случаи се под нивото на сопствените медиуми. Секоја чест на ретките исклучоци. Јавниот сервис МРТВ, кој треба да биде единица мерка за новинарски професионализам и најголем коректив на агресивните комерцијални телевизии, никогаш не стана тоа и е во најголема зависност.

Ете затоа примената на Законот во ваков амбиент е само една мала алка за подобрување на состојбите во новинарството. Да се биде газда на медиум е голема работа и бара морска широчина и филантропија, вистински патриотизам, висока култура и општествена одговор��ост, а да се биде, пак, влада и власт која гради демократска и слободна држава со слободни медиуми бара многу повеќе, бара да се биде и океан и Монт Еверест истовремено во разбирањето дека од демократијата и од образованието зависи вкупниот развој на општеството. Само државници, визионери кои цврсто газат на земја можат да ги видат тие хоризонти. Ние такви немаме. Тоа семе не вирее на Балканот.


Статијата е прочитана 3052 пати.

Испрати коментар



Граѓаните штедат, државата се задолжува
Пет прашања и одговори за долгот
Рејтинзите по владината криза
Врховниот суд кадровски десеткуван



Marioec od Azija, 04.10.2012 04:06:28
Se soglasuvam so Erol deka nemame istrazuvacko novinarstvo,no toa ne e od sega,toa e od 45 ta pa se do sega.Inaku kako da se objasnat tolku aferi a za niedna da nema razvrsnica.Inaku toj ni veti deka ce ja istrazi i aferata so telekomot,ili toa bese da se napadni samo Bucko po nalog na Brane,i nisto povece.Problemot glaven sto go precutuva Erol,( namerno ili ne toj znaae)e partiziranosta na novinarite i urednicite,koi vrsat cenzuri,pa taka slobodata e najvise zadusuvana od samite urednici i novinari.Tie ne dozvoluvaat kritiki kon niv i nivnite milenici,a od druga strana baraat sloboda koja samite ja gazat so noze.
Nisto novo pod sonceto, 04.10.2012 09:37:57
Sosema e ispraven Vasiot zakljucok g-dine Erol deka, so ovie fiktivni a ne stvarni promena na vlasnistvasta ,nisto nema da se napravi poznacajno vo mediumskiot prostor. Ovde bese samo vo prasanje zamackuvanje na ocite, i cista lazna fasada , kako i zadovoluvanje na normata a ne na sustinskata na zakonot. I posle seto ova ponovo edna TV kuca i eden vesnik, voden od eden novinarski manipulator , a sega eve i univerzitetski profesor, ce raboti po terkot i naredbite na eden neofeudalen velmoza.Isto i drugi TV kuci i vesnici, koi samo fiktivno gi smenija gazdiute , kolku da zmackaat oci , ce si kazuvaat i pisuvaat ona sto im e dozbvoleno od vistinskite gazdi. MTV se znae deka ce iskazuva sprema zelbite na nejziniot gazda( citaj Vladata) ona sto bilo pak ce bide i ona sto se pravelo, pak ce se pravi,i taka nema nisto novo pod soneceto.
Istocna Makedonija, 04.10.2012 09:57:06
Sopstvenicite na nasive mediumi se iskompleksirani tipovi,koi mislat,isto kako sto brgu i preku nok, pod cudni i srekni okolnosti go napravile kapitalot i svoite imperii,deka mozat da ja osvojat i Meseci- nata.Kako po pravilo sluzat na politikata,osobno na aktuelna vlast,nenasitni se,i recisi bez presedan se so poteklo od ruralni sredini,so tesko i siromas- no detstvo i bile ovcarcinja,govedarcinja,zemjiodel cinja.Sega ne mozat da si go prebrojat kontoto, vozniot park,jahtite,brodovite,hotelite...Nekoi,malku ova go steknale so znaenje,umeenje,kreacija,pove ke so matni biznisi i vo koprodukcija so politicri.
milan, 04.10.2012 10:26:28
Dodeka e DPMNE na vlast ne gledam deka nasiot zurnalizam daleko ke pogledne.(Njegos rekol ko visoko sedi daleko vidi)Megutoa segasnata vladejacka garnitura stavi se pod svoja, i mnogu retki se vakvi pisanija kako vasata dobra kolumna. POZDRAV.
respekt, 04.10.2012 16:34:27
Во Македонија одамна гине вистината, чесноста, разумот, почитувањето и сккромноста.Овде само заблудата дава срека а не знаењето Земја во која власта ветува мед и млеко а остварува лук и вода, останува на власт само со апсулутна контрола на медиумите. Оттука произлегува и одговорот дали ке се измени нешто во уредувачката политика на дотичните медиуми.За мене одговорот е јасен.Но ке прекинам, нешто во стомакот ми се превртува, ми се гади.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Претежно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 8°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |