Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.10.2012, 10:39

Аврамопулос предлага меморандум за договарање на рамката на преговорите

Целта на меморандумот е да се најдат заеднички точки со цел преговорите квалитатативно да помогнат за продолжување на преговорите

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Грчкиот министер за надворешни работи, Димитрис Аврамопулос предлага потпишување на меморандум за разбирање во кој се посочени рамката и основните параметри во кои се движат преговорите со цел побрзо постигнување на решение за спорот за името. Аврамопулос денеска го испратил писмото и меморандумот за разбирање до македонскиот шеф на дипломатијата Никола Попоски. Целта на меморандумот според писмото е да се најдат заеднички точки со цел преговорите квалитатативно да помогнат за продолжување на преговорите.

Аврамопулос во предлог-меморандумот предлага двете страни да се договорат дека во решенито за името ќе има географска одредница и дека името ќе се користи ерга омнес, дека нема да има нарушување на територијалниот интегритет, одржување на границите односно потенцирање дека ниту една од двете држави нема територијални претензии кон другата, воздржување од пропаганда, изјави и активности со кои би се нарушиле преговорите вклучувајќи и користење на симболите кои се дел од културното и историското наследство. Точките од Меморандумот се договарање да се потврди постоечката граница како постојана и неповредлива меѓународна граница, подготвеност да се почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независнот на другата страна и одлука да нема закана или користење на сила кон другиот, вклучително и закана и користење на сила со цел прекршување на границите. „Потврдуваме дека никој од нас нема да тврди или да поддржува барање за дел од територија на другата страна или барања за промена на нашата постоечка граница“, се вели во дел од предлозите.

Покрај територијалниот дел, една од точките вклучува договор да се интензивираат преговорите под капа на генералниот секретар на Обединетите нации според Резолуцијата на ОН 845 со цел да се постигне решение на разликите објаснети во резулуцијата 817. Имајќи ја предвид оваа цел, Аврамопулос во меморандумот предлага двете страни да се договорат дека е неопходно целосно да се почитуваат принципите на добрососедски односи и да нема мешање во внатрешните работи на другата страна во никаков случај, вклучувајќи и барање за територија која не е во постоечките граници на двете држави. „Ќе продолжиме да забрануваме непријателски активности или пропаганда од државни агенции и нема да охрабруваме слични активности од приватни лица кои може да поттикнат насилство, омраза или непријателство против другата страна, и ќе се воздржиме од активности или изјави со кои се ризикува да се нарушат преговорите, вклучувајќи и користење на симболи кои се дел од историското или културното наследство на другата страна“, се вели во меморандумот.

Последната точка се однесува на параметрите за конечната форма на името на нашата држава кое се преговара со цел да се даде нов стимул во преговориите. „Неопходно е да се продолжи врз основа на договорена рамка на основните параметри за решение на името, во кои ќе биде вклучен и договор дека било кој предлог треба да има јасна и дефинитивна одредница за името, која нема да остави простор за нејаснотии за разграничувањето на територијата на Поранешната југословенска Република Македонија од регионите на соседните држави, особено регионот Македонија во северна Грција, и дека името договорено ќе има севкупна употреба ерга омнес“.

Во писмото до Попоски, грчкиот шеф на дипломатијата му посочува дека ги има на располагање и шефицата на грчката канцеларија за врски, грчкото министерство за надворешни и преговарачот Адамантиос Василакис со цел да се продолжи и напредне оваа иницијатива.


Статијата е прочитана 1975 пати.

Испрати коментар



Владата на Груевски доби доверба
Викиликс аргумент во кавгите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Кавги меѓу ДУИ и ДПА на седницата за доверба на Владата
Ахмети
Игрите во Владата да бидат прекинати со фер избори
Меморандум за двојна употреба
Поддршка од Чешка за членство на Македонија во НАТО
ЕК со нова препорака за почеток на преговори со Македонија
Кардиолозите бараат повеќе кардиоваскуларни центри
Според синдикатите во Македонија пристојно се работи
Ивановски - Владата доживеа пораз на економски план
Трговскиот дефицит се искачи на 1,6 милијарди
(ФОТО) Тројца повредени во масовна тепачка во автобус на ЈСП
Петмина илегалци фатени кај Неготино
Жена со чанта тепала полицајци во Гостивар
Ставрески по инвеститори во Индија
Кадровски промени во СВР Тетово
Диво казино по вторпат падна во „Детонатор“
Јанкулоска си замина, во Арачиново се пука
(ФОТО) Собраниска седница за доверба на Владата
Вашингтон не сака вонредна средба на Г-20 за цените на храната
Опозицијата го прати Мисовски на координација кај Вељаноски
Дража Михајловиќ од денеска официјално мртов
Грчката дијаспора ќе го плаќа долгот на Атина
Тимот на Груевски на парламентарен тест до полноќ
Обама го обвини Ромни дека лажел за време на дебатата
Иванов одликуван со орден на Европското движење на БиХ
СДСМ ќе се појави на координација кај Вељаноски
Родители и петмесечно бебе повредени кај „Мајчин дом“
Сирија и се извини на Турција за вчерашниот напад
Ќе се градат 100 повеќенаменски игралишта
СДСМ - Вељаноски се обидува да ја опструира расправата за доверба на Владата
Бесими ќе отсуствува на гласањето за доверба
Тодоров не сака театрални изјави на преговорите со лекарите
ФФРМ една деценија ги едуцира земјоделците
Иванов бара помош од БиХ за смртта на Трајковски
Иванов - Имаме Времена спогодба и таа треба да се почитува
„Индекс мунди“ - Македонија 21. во светот по невработеност
Турскиот парламент одобри воена опeрација во Сирија
(ФОТО) Илјадници граѓани го преплавија „Скопје сити мол“
Владата го добила и ќе го разгледа писмото од Аврамопулос
ДДВ за компјутери и за сончеви колектори останува 5 отсто
„Сосиете женерал“ ја продава грчката филијала „Геники“
Светска бан��а бара 600 милиони нови работни места до 2020
„Аман“ отсега на протести во саботите
Владина делегација повторно замина во Индија
САД бараат шест млрд. долари од Иран за 11 септември
Ештон бара воздржаност од Турција и Сирија
Почина застреалниот жител од скопско Копаница
Претседателот Иванов во посета на Босна и Херцеговина
Tурската армија ги гранатира сириските позиции
Во првата рунда Ромни го победи Обама
„Арчелор Митал“ инвестира 3,5 милиони евра во постројка за поцинкување
Немало пресметка меѓу ученици во Чаир
Петмина добитници на наградата „11 Октомври“
„Аутомобиле СК“ застапник за легендарниот „џип“
Со туѓи пари плаќале роденденски забави
Апелациониот суд ги потврди казните за „Фаланга“
Мартин Треневски го продаде радиото
Во Белград уапсена секретарката која намерно ширела ХИВ вирус
„Гугл“ пред „Мајкрософт“, „Кока кола“ на врвот
Демонстрации во Техеран поради падот на вредноста на риалот
Абдул Алили е осомничениот за двојното убиство во Италија
Отворен Информативен музејски простор на „Александар Велики“
Расмусен реизбран на челната позиција во НАТО
Јанкулоска - МВР нема нови сознанија за атентатот врз Глигоров
Австријци ќе инвестираат во еколошки проекти
(ФОТО) Скопје Сити Мол пoчнува со работа
Бесими - Македонија придонесува за регионалната и глобалната безбедност
Исламисти извршија јавна егзекуција во Мали
Бивш командант на ОНА пронајден мртов во штипскиот затвор
Kосовските емигранти испраќаат дома 600 милиони евра годишно
Kомпромитирачкo видео пак во фокусот на претседателската кампања во САД
Атина дојде до Грците со сметки во Швајцарија
Генерален штрајк на Белгиската железница
Седумнаесет години од атентатот врз претседателот Глигоров



Mark, 04.10.2012 11:37:32
E ova konecno moze da e TOA! Eleganten nacin da se izleze od rovovite i da se trgne kon masata za seriozen razgovor! Ova sosem ocigledno e stokmeno mnogu podaleku od Atina, a i mnogute aktivnosti na vazni lugje na svetskata diplomatija go navestuvaa..Sega i nasive ovde ke bidat staveni pred konecna odluka za resavanje na problemot - a ako i ponatamu pretaat zaslepeni od mokjta sto im ja davase dosegasnata limbo-situacija - Bogami ke bidat grubo razbudeni, sosem sum siguren!!
Загрижен, 04.10.2012 11:41:40
Сигурно испратил? Да не лажат повторно овие од надворешни?
Коста Стоименовски, 04.10.2012 12:05:56
Ете, тоа е пример како треба да работи една максимално професионална дипломатија! Да се разбереме мојата оценка за ваквата постапка на грчкиот МНР во никој случај не значи подршка или разбирање за ирационалната политика на Грција спрема Македонија. Меморандумот на грчкиот МНР покажува како се „фиксираат“ и како се бранат националните и државните интереси, кои, за жал, се сега се максимално заострени и поради непромислената политика што ја води актуелната македонска влада. Дипломатијата „Ти пишувам писмо за да се сретнеме на 2 август или на 15 септември“ е несериозна и провидна, мотивирана од желбата за сликање, а не за надминување на проблемите!
Bogomil(ec), 04.10.2012 12:50:50
Преговори да, но дипломатскиот заек што Грција го испраќа е извлечен од уценувачки шешир. И што е особено видливо, Атина посебно инсистира на намерата Македонија дефинитивно да заборави за навек дека Грција е окупатор на 51 процент од етничкиот македонски простор и секако да се фрли пепел на сите генцидни проекти што таа ги изведе за етничко чистење на егејскиот дел од Македонија, прогон на Македонците, уништување на сите нивни културни добра и насилна елинизација пред која Европската Унија остана слепа, глува и нема. Барањата во Меморандумот на индиректен начин се потврда дека ифицијална Атина ја ишка мувата од главата.
Jordan, 04.10.2012 13:14:43
Договорено име да се користи од сите erga omnes !!!Taka nema dogovor!Republika Makedonija e drzava a regionot Makedonija e region veke se oddeleni ! Tatko mi bog da go prosti koj poteknuvase od Egejska Makedonija stalno ne sovetuvase deka od grk polos covek nema i nikogas da ne mu veruvate na grk!
Marioec od Azija, 04.10.2012 13:57:28
Memorandum za razbiranje.Kakov e istiot koga vo nego se sostojat samo uceni,demek se razbirame ti ce rabotis kako jas ti kazam,se razbravme neli.Abe ovoa e za pred selskana koperacija,so pivceto vraka kakva diplomatija.Ama toa nemoze da go razbere Kostamakis,pa toa ti et,samo da se pametuvat bez da se sogledaat posledicite od ovakvi raboti.Mojot stav se znae bez nikakvi dodavki i pridavki,ni severna,ni gorna,dolna,ni skopska,nego ednostavno Makedonija,a posto tie nemaat Republika Makedonija,nivnata pokraina neka si ja narecat dolna,juzna,severna ili grcka ili kako sakaat,nema nikakvi zabuni.Irska si ima i Severna Irska a drugata si e Republika Irska.Posto nie si se vikame R.Makedonija tie neka si najdat ime.
Itar Pejo, 04.10.2012 14:03:13
Uste edna potvrda deka problemot ne e vo imeto. Sakaat definitivno da se odkazeme od OBEDINUVANJETO na Makedonija!
Ѓорги, 04.10.2012 16:32:13
Тројански коњ!
Risto na Majka, 04.10.2012 16:33:27
@ Do MARK slednoto pismo e dobar znak za koj??? sto se napali tolku kao dobar znak, kade vide deka ima neshto dobro vo toa pismo, osven sto konecno Stefan File gi razbudi Atinjanite od zimski son!? Ako ne si razbral ili ne si procital dobro so prosti zborovi pishat: sakame da se dogovorime so Vas, deka ce se dogovorite so Nas, se shto ce pobarame i sme barale da potpishite!!! hahaha...nemoj ziti se da frlash magla ne sme nepismeni!!!
пријател, 04.10.2012 20:01:52
Во Рез.817 на Советот за безбедност стои дека при приемот на Р.М. се пројавени разлики околу името кои треба да се решат со цел зачувување на мирните добрососедски односи во регионов.Со др.зборови,Советот заклучил дека разликите околу името Македонија ги нарушуваат мирните добрососедски односи.Затоа името на нашата држ.е променето во ФИРОМ.Значи името Р.М.официјално НЕ ПОСТОИ во ОН,НАТО,ЕУ, сите др.меѓународни организации,спортски натпревари и т.н.Од Р.М.(ФИРОМ)се бара во прговори со Грција да се пронајде друго име,различно од името Р.М.Заклучок:Не бара само Грција од нас име различно од Р.М. за ерга омнес употреба.Тоа од нас го бара Советот за безбедност,НАТО,ЕУ,а исто и судот од Хаг(ослововувајќи не`со ФИРОМ и барајќи од нас да ги продолжиме преговорите за пронаоѓање на решение за спорот).Тоа што Грција го бара и`е дадено од Советот,Генералното собрание на ОН,НАТО,ЕУ,судот од Хаг.Прашање е ЗОШТО ТОА ПРАВО И` Е ДАДЕНО НА ГРЦИЈА?
mene, 04.10.2012 22:04:02
Ova e sekako samo gest od grcka strana koj ima za cel da ukaze deka Grcija sorabotuva! Nitu eden od uslovite za sorabotka ne e nov ili nepoznat, edinstveno sumirale sto e veke kazano i storeno. Se nadevam deka makedonskite politicari ke postapat mudro i ke odgovorat soodvetno!
fipomkd, 04.10.2012 22:47:38
Kako i da e ova e nov ton koj dosega od Grcija ne sme go slusnale. Imame eksperti (se nadevam) koi dobro ke go protumacat diplomatskoto megjuredie. Mozeme samo da se nadevame deka ke donesat vitinska odluka, a najvazno od se konecno da zavzemat nekakov stav. Ovakvata status-kvo situacija naveduva samo na edno, a toa e deka nemame nacionalna strategija, kapacitet, nitu pak hrabrost da go resime ovoj deceniski poroblem i konecno da se oddalecime od ova bespakje vo ke se najdovme slucajno ili ne.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 10°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (18)
Ранковиќ на удар на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Скопје е во фокусот на „Бела ноќ“
Утревечер на повеќе градски локации ќе се одржуваат изложби, музички настани, перформанси, поетски читања, журки......

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено изд��ние | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |