05.10.2012, 10:09 „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ на плоштад „Македонија“
Cо мултимедијален хепенинг вечервa на плоштадот „Македонија“ ќе бидат одбележани пет години од последен концерт на Тоше Проески
Под мотото „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, вечерва на плоштадот „Македонија“ со мултимедијален хепенинг ќе бидат одбележани пет години од последен концерт на македонска музичка ѕвезда.
Почетокот е во 19:30 часот. Предвидено е емитување видео спотови на Тоше, концертни настапи на Тоше, а ќе биде прикажан и видео запис кој до сега не е емитуван за јавноста. Крајот ќе биде проследен со голем огномет. Организатор на настанот е Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум.
Последниот концерт Тоше го одржа на Градскиот стадион во Скопје. Тогаш посака, на овој датум, секоја година, да биде заедно со своите фанови, да ужива, да ја слави музиката и да го трасира патот на хуманоста. - Можеби судбината го направи своето, но фановите не дозволуваат неговата желба да падне во заборав, истакнуваат од Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум.
На настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ традиционално ќе се одржи и крводарителска акција организирана од Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум и Црвениот Крст на Град Скопје, поддржана од Меѓународната фондација „Тоше Проески“. Крводарителската акција под мотото „Јас штотуку спасив живот, а Вие?“, ќе се одржи од 10 до 18 часот во просториите на фондацијата „Никола Кљусев“ (веднаш до Дом на АРМ) |