Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
05.10.2012, 14:20

Светски ден на Бонд, Џејмс Бонд

Петти октомври 2012 година е прогласен за Светски ден на Џејмс Бонд и низ светот ќе се одбележи 50-годишнината на оваа позната франшиза

Се' започна со „Д-р Но“ пред точно 50 години, со буџет од само милион долари. Денес тоа е најдолгата франшиза во историјата на филмот, кој има и свој ден - 5 октомври, Светски ден на Џејмс Бонд.

Петок, 5 октомври 2012 година е прогласен за Светски ден на Џејмс Бонд и низ светот ќе се одбележи 50-годишнината на оваа позната франшиза.

Бонд мина голем пат во изминатите 50 години од првото прикажување на буџетски скромниот филм „Доктор Но“ на 5 октомври 1962 година.

Главниот лик беше убиствениот таен агент, кој носи костуми „Савил Роу“, вози „астон мартин“, го сака своето мартини протресено, а не промешано и се претставува како „Бонд, Џејмс Бонд“.

Канаѓаните Хери Салцман и Американецот Алберт Броколи, двајца млади продуценти, ги купија правата на серијата романи на Ијан Флеминг, поранешен разузнавач од Втората светска војна, кој агентот 007 го осмисли како некој вид свое алтер его.

Салцман и Броколи имале буџет за филм од само милион долари, но со помош на среќата успеале да привлечат неверојатна екипа на таленти.

Филмскиот серијал за агентот 007 е најдолга филмска франшиза во историјата со 23 снимени филмови. Најновата авантура на овој агент се вика „Скајфол“ и ќе се појави на 26 октомври во Велика Британија и на 9 ноември во САД.

Во САД ќе бидат организирани различни случувања по повод одбележувањето на Светскиот ден на Џејмс Бонд вклучувајќи ретроспектива на филмовите во Музејот на модерната уметност во Њујорк и вечер посветена на музиката со филмовите на Бонд во Академијата на филмска уметност и наука во Лос Анџелес, соопшти дистрибутерската куќа „Так“.

Во другите земји низ светот, исто така, се планирани посебни случувања, па така во Велика Британија ќе биде одржана аукција на Џејмс Бонд меморабилии, чиј приход е наменет за УНИЦЕФ и други хуманитарни организации. Радиостаниците низ светот на тој ден ќе пуштаат теми за Бонд.

Во Белгија и Јужна Африка, работниците овој ден ќе го одбележат со облекување фустани и косуми во стилот на Џејмс Бонд во рамките на „Лежерниот петок“.

Документарниот филм „Се' или ништо: нераскажана приказна за 007“ ќе биде прикажан во Австралија, Белгија, Франција, Холандија, Индија, Јапонија, Летонија, Мексико и Русија.

Документарецот е проследен со интервјуа со петмина од шест актери кои го играа Бонд.

Тајниот агент 007 го играа Шон Конери, Роџер Мур, Џорџ Лезенби, Тимоти Далтон, Пирс Броснан и Даниел Крејг, кој ќе го игра Бонд и во новиот филм „Скајфол“.

Во новиот филм, Крејг се враќа како легендарниот британски таен агент 007. Лојалноста на Бонд кон шефицата „М“ ќе биде под големо искушение кога нејзиното минато ќе се врати да ја прогонува.

МИ6 ќе биде нападнат и 007 мора да ги уништи заканите независно од цената и личната жртва.

Филмот го снимија компаниите „ЕОН“, „Сони“ и „МГМ“. Режисер е Сем Мендес, продуценти Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи, а сценариото го потпишаа Нил Первис, Роберт Вејд и Џон Логан.


Статијата е прочитана 175 пати.

Испрати коментар



„Војна на ѕвездите“ наместо „Мона Лиза“ во Лувр
(ФОТО) По „Сити мол“, турканици и на „Бела ноќ“
„Век за самување“ најдобра поема за 2012 година
(ФОТО) Свеќи и ѕвездено небо за Тоше
(ФОТО) Собрани 200 единици крв до 15 часот
Тетовскиот театар вечерва на МЕСС во Сараево
„Калчр девелопмент“ во живо на Канал 103
„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ на плоштад „Македонија“
Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
Македонската филхармонија го откупи делото на Илија Илиевски
Опра и Бритни – најплатени жени во шоу-бизнисот
Кончаловски во Кинотеката на Македонија
„Бела ноќ“ в сабота во Скопје
Ана Дурловски повторно ја воздигна Лучија
Вечерва стартува четвртото издание на „Десонанз“
Уште разголени фотографии од кралскиот пар
Новите германски филмови го окупираат Скопје
(ФОТО) „Тојота“ го претстави новиот „паметен инсект“
Забранет влез за Мајк Тајсон во Нов Зеланд
Рубенс Муратовски стана татко

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Делумно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 28°C, Мин: 11°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (19)
Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
На лице место. Зошто Џевахири Ајрулова го уби својот петгодишен син?
Утрински весник во селото Долно Јаболчишта во Велешко кое не памети такво грозоморно злосторство.

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |