03.10.2012, 13:54 Уште разголени фотографии од кралскиот пар
Меѓу необјавените има и снимки на принцот Вилијам без облека, а вистински ноќен кошмар за Бакингемската палата претставува можноста дека фотографиите за кои станува збор, всушност, се симнати од видеоснимка
Во написот за тоа како сликите на Кејт Мидлтон во топлес носат убави пари на порно-сајтовите, британскиот „Телеграф“ изнесува една многу вознемирувачка вест за кралската куќа: уредниците на различни магазини тврдат дека во оптек, понудени за продажба се наоѓаат околу 300 фотографии на разголената Кејт од одморот во Франција, од кои до сега се објавени само 24.
Меѓу необјавените има и снимки на принцот Вилијам без облека, а вистински ноќен кошмар за Бакингемската палата претставува можноста дека фотографиите за кои станува збор, всушност, се симнати од видеоснимка.
„Телеграф“ наведува дека современите папараци користат дури и беспилотни летала со далечински управувачи за да ги снимат познатите кога тие најмалку се надеваат: на осамени приватни плажи, покриви на апартманите, последниот кат на некој облакодер и слични места.
|