„Сосиете женерал“ ја продава грчката филијала „Геники“
Француската банка „Сосиете женерал“ соопшти дека со грчката банка „Пиреја“ преговара за продавање на својата грчка филијала „Геники“.
Француските банки многу соработуваат со Грција, но во последните неколку месеци драстично го намалија работењето со Атина и својата изложеност кон грчките пазари. Во почетокот на седмицата „Кредит агрикол“ соопшти дека со „Алфа банка“ преговара за продавање на својата грчка подружница „Емпорики“. „Алфа банка“ соопшти дека се очекува договорот да се дефинира до крајот на годинава. (Ек.Р.)
Ранковиќ на удар на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“