05.10.2012, 12:53 (ФОТО) Собраниска седница за доверба на Владата
ФОТО: Петр Стојановски
Почна собраниската седница за доверба на Владата, по иницијатица на опозицискиот СДСМ. Наспроти шпекулациите дека премиерот Никола Груевски ќе го пресретне барањето на СДСМ и сам ќе побара гласање за доверба на Владата, со што ќе се спречи расправата, премиерот не побара збор на почетокот на седницата.
На почетокот на седницата впечатливо беше куртоазното поздравување меѓу Груевски и неговиот коалициски партнер Али Ахмети, лидер на ДУИ, но не се ракуваа. Министрите и пратениците на ДУИ координирано влегоа последни во салата, каде веќе беа присутни премиерот Груев��ки и министрите на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно на координација кај претседателот Трајко Вељаноски се договорија редоследот на говорниците да биде еден спрема еден - опозиција власт, а репликите се ограничени до најмногу 12. Според договорот премиерот ќе се обрати последен во 23 часот и 20 минути. (Т.П.)
|