04.10.2012, 16:06 Родители и петмесечно бебе повредени кај „Мајчин дом“
Брачна двојка и нивното петмесечно бебе се повредени кога во нив удрил автомобил во близина на Поликлиниката „Мајчин дом“ во Скопје. Повредените веднаш се пренесени во Утгентниот центар во Скопје. Лекарите велат дека треба да биде извршени хиришка интервенција на повредената мајка, додека таткото и бебето се полесно повредени и се очекува да бидат пуштени дома.
Според полициските информации, тешката сообраќајна незгода се случила утрово на булеварот „Васко Карангелевски“ во скопската населба Аеродром. Возило „цитроен“, со скопски регистарски раблички, управувано од В.Б. (28) удрил�� во родителите кои го носеле нивното петмесечно бебе во поликлиниката.
Притоа со тешки повреди се здобиле 23-годишниот И.Ш., неговата една година помлада сопруга С.Ш. и нивното петмесечно бебе. Повредените, со возило на Брза помош биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Според дежурнот лекар, Илир Хасани повредената жена е пренесена на Одделението за травматологија. Кај неа е констатирана скршеница на потколеница и врз неа треба да биде извршен хируршка интернција.
Лекарите кај бебено и кај таткото констатирале лесни телесни повреди и нивната состојба се оценува како стабилна. Како што потврдува доктор Хасани, таткото најверојатно ќе биде пуштен на домашно лекување, а на домашна нега ќе биде и бебето отакако ќе биде прегледано од детски хирург.
Полицијата ги истражува причините поради кои дошло до несреќата, а по целосното расчистување на случајот највеорнатно ќе следи и соодветна пријава. (Љ.С.)
|