04.10.2012, 18:58 Си велам
Пророштвото на Хобсбаум
Ерол Ризаов
Замина водечкиот историчар на 20 век со најјасна и најдобра оцена за грчкиот ултиматум за името на државата
Ерик Хобсбаум, водечкиот историчар на 20 век замина од овој свет. Посмртнина по оваа вест објавија светските медиуми. Хобсбаум почина во Лондон во 95. година од животот. До понеделникот покрај неговото име одеше задолжителната забелешка - најголем жив историчар. Од денот кога престана да му чука срцето, го следи додавката - водечки историчар на 20 век.
Во Македонија неговата смрт помина глуво. Иако е преведен на македонски јазик, малкумина знаат зошто е значаен Ерик Хобсбаум за нас, а уште помалку е позната неговата порака и предупредување до Македонците. Хобсбаум е единствен од големата светска научна елита, еден од големите интелектуални авторитети кој изрече јасна научна и политичка оцена за наметнатиот спор со соседна Грција. Хобсбаум пресече: се' во случајот со Македонија е далеку од академско прашање. На грчките интелектуалци им треба голема храброст да ја кажат вистината.
Хобсбаум не ја пишуваше само историјата, тој ја живееше. На крајот по речиси еден век живот и самиот стана историја и легенда. Напиша повеќе од 20 книги, од кои четритомната историја на 20 век ја одбележа современата мисла и зазеде посебно место во светски рамки. Ерик Хобсбаум е роден 1917 година во семејство на англиски Евреи во Александрија. Израснат е во Виена и Берлин, а во 1933 година, во времето кога Хитлер, доаѓа на власт во Германија, се населил во Лондон. Се школувал на Универзитетот Кембриџ, каде што со години предавал како професор, а подоцна стана икона на Брикебек колеџот. Член е на Британската академија на науките од 1978 година.
Хобсбаум за својот живот инсистираше да каже дека е возбудлив како на еден „викторијански свештеник“, алудирајќи на тишина и здодевна макотрпна работа која никого посебно не вознемирува. Но, самиот факт дека тој во Берлин се враќал од училиште дома кога Хитлер дојде на власт, дека му преведуваше на Че Гевара во Хавана, дека го виде мртвото тело на Сталин, го прави неговиот живот не помалку возбудлив отколку екстремниот 20 век за кој пишува. Во приватниот живот Хобсбаум беше голем љубител на џез-музиката и има напишано многу музички критики. Зборуваше повеќе јазици: англиски, германски, француски, шпански и италијански, а покрај нив ги читаше и разбираше холандскиот, португалскиот и каталонскиот јазик.
Да се вратиме на Македонија и на неговото драгоцено предавање за нас на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта во почетокот на учебната 1994-1995 година на тема за иднината на народите од Југоисточна Европа. Еве што тогаш кажа еден од најголемите светски научни авторитети: „Најчестата идеолошка злоупотреба на историјата се потпира повеќе на анахронизам отколку на лаги. Грчкиот национализам и' го одбива на Македонија дури и правото на име, врз основа на тоа дека цела Македонија, всушност, е грчка и дел на Грција како држава-нација по се' судејќи уште од времето на таткото на Александар Велики, кралот на Македонија, кој станал владетел на грчките земји на Балканскиот Полуостров. Како и се' во случајот со Македонија, и тоа е далеку од академско прашање, ама им треба многу храброст на грчките интелектуалци да го кажат тоа. Зборувајќи историски, тоа е вистинска глупост. Не постоела грчка држава-нација или каков било поединечен политички ентитет на Грците во четвртиот век пред Христа. Македонското царство во никој случај не било некаква грчка или некаква друга модерна нација-држава. Во секој случај, древните Грци ги сметале и македонските владетели за варвари, исто како што подоцна ги сметале за варвари и римските владетели. Накратко, старите Грци сметале дека варварите не се исто што и Грците, иако без сомневање биле многу воспитани или внимателни да не го зборуваат тоа гласно.
Освен тоа, Македонија историски гледано е таква неразмрслива мешавина на етницитети што не залудно на мешаната француска овошна салата и' е дадено името маседоан (macedoine)- така што секој обид таа (мешавина) да се идентификува со поединечна националност не може да биде исправен. Заради непристрасност, и екстремниот македонски емигрантски национализам треба исто така да се отфрли...“
Ете ова го кажа Ерик Хобсбаум уште пред речиси 20 години, кога Македонија се соочи со грчкиот ултиматум. Ваков јасен и недвосмислен став за наметнатиот грчки спор предизвика симпатии и кај поголемиот број историчари, научници, интелектуалци и јавни личности. За жал, политичките интереси и настаните што следуваа покажаа дека пораката и пророштвото упатено до Македонците во последната реченица да се отфрли македонскиот емигрантски национализам стана официјална државна политика. Таа инфекција по античкото минато и потрагата по пославна историја стаса од Австралија како идентитетски и политички земјотрес во Македонија и направи многу штети.
На идните историчари Ерик Хобсбаум уште им порача: митот и лагите се значаен елемент во политиката на идентитетот со чија помош група луѓе денес се дефинираат себеси по етницитет, религија или со некогашните и сегашните граници на државите, настојувајќи да најдат некаква сигурност во несигурниот и разнишан свет зборувајќи: ние сме поинакви и подобри од другите. Луѓето што ги формулираат тие митови и измислици се учени луѓе, тоа се световни и верски учители, професори (се надевам не многу) новинари, луѓе од од телевизиите и радијата.
Во едно од своите интервјуа за „Гардијан“, Хобсбаум во 2002 година вели: „Загрижен сум околу сите видови истории за идентитетот. Идентитетот не е добра основа за историја. Но, најзагрижувачко е тоа што историјата, вклучувајќи ја и традицијата, во голема мера се измислени. Во последните 30 години имаше експлозија на локации каде што се откриваа културни наследства и се отвораа музеи. Особено по падот на комунизмот има формирање нови држави кои имаат потреба од измислување историја за да покажат колку се важни. Начинот на кој се прави ова е таков што се измислува или присвојува нечие минато... Денес светот е полн со луѓе кои измислуваат истории и лажат во врска со историјата, а тоа во голема мера се должи на тоа дека луѓето што го прават тоа, всушност, не се заинтересирани за минатото. Она за што се заинтересирани е нешто што ќе ги направи да се чувствуваат подобро...“
Како никогаш досега се потребни вистински историчари, укажуваше Хобсбаум. Ако нема скептични историчари, ќе ја преземат науката луѓе од типот „направи сам“ историја или луѓе кои работат во стилот„купи сега“. „А историјата е многу опасна суровина за националистички, или етнички, или фундаменталистички идеологии, како што афионот е суровина за дрогирање со хероин. Ако нема пристојно минато, тоа секогаш може да се измисли“. |
|
Статијата е прочитана 2880 пати.
|
Испрати коментар
|
|
istoricar, 05.10.2012 00:25:18 | Koga nemas svoe ke krades tugo, taka e i so nasava istorija, sekoja godina ja dopolnuvame so nekoja izmislica ili prisvojuvame nesto komsisko, turli mesanica mse |
| Коста Стоименовски, 05.10.2012 01:02:14 | Авторот точно констатира дека „фитилот“ на националниот понос на Македонците беше запален од „нашинците“ од Австралија. Иницијативата за усвојување на знамето со шеснаесет зраци дојде по неколкуте посети на починатиот Р. Алтин на РМ и неговите средби со челните мак. политичари пред околу две децении. Во повеќе наврати ја предупредував актуелната мак. власт дека со антикоманијата си забива трн во здрава нога и дека не смее да се однесува како РМ да има најмалку 10 атомски бомби. Бадијала. |
| Herodot, 05.10.2012 01:16:21 | Hobsbaum bese navistinska vodecki istoricar na 20 vek i edna grandiozna figura, koj dobro znaese kolku istorijata e opasna alatka , posebno ako so nea se bavat nedorasnati i isfrustriranbi etnosi, naci i poedinci. Znaese deka mnogu drzavi i t.n istoricari ja prevzemaat istoriskata nauka po sistemot napravi sam ili voi stilot kupi sega.Ima mnogu primeri za toa , a eve i kaj nas na Balkanot. Skoro site drzavi nastanati od poranesna Jugoslavija,Albanija , Bugarija, Grcija gi koristat tie stilovi na sozdavanje na svoja novokomponovana i selektivna istorija. Istorija koja ja posakuvaat i ja pozajmuvaat. Odamna narodite na ovie prostori se drogirani so lazna i izmislena istorija , pa zatoa i Balkanot otsekogas e opisuvan kako bure barut i balkanska krcma vo koj se teteravime site,dokazuvajci koj ima podlaboki istoriski koreni, podolga istoriska tradicija i kolku sme ete velicenstveni i slavni.Toa e izgleda nafaka i sudbina na narodite od ovie balkanski prostori. |
| cane sokolovski, 05.10.2012 03:18:09 | „Јас сум забележал дека нај јакиот национализам доаѓа од периферијата-Хитлер беше Австриец, Наполеон Корзиканец. Нај проминентните ултра десни националисти од Грција и Турција се од Кипар. Нај екстремните Ирски Републиканци се во Белфаст и Дери (ретроспективно Њу Јорк Бостон). Таткото на Кинескиот на Кинескиот национализам,Сун Јат Сен беше од Хонг Конг. Српските националисти Милошевиќ и Караѓевиќ се од Црна Гора а нивните нај горливи Хрватски колеги -Усташи од западниот дел на Херцеговина!„
Christopher Hitchens, Hitch-22: A Memoir
Јас знам од кој нај периферен дел на Македонија нашите доаѓаат! А вие? Сепак не е во периферијата туку до културата! |
| Ljuubotan Trade Name, 05.10.2012 05:26:07 | Pocituvan Erol! Ne postoele ni; Francuzi,Ne postoele ni Italiani,ne postoele ni Nemci,Ne postoele ni Mexikanci,Ne postoele ni Grci,ama site se By Produkt na Kulturno etnickoto nasleduvane,a ne Geografski! A za Blazeno Pominatiot Istoricar,eee da go vidime, kade stoji negovata Genialnost,vo sustesveniot Kontempoari problem; Izrael Versa Palestina? |
| прашање до Ерол, 05.10.2012 06:54:32 | Ако не постоела грчка држава-нација,нити било каков поединечен политички ентитет на Грците во четврти век пред Христ,а постоеле Грци,каде тие Грци живееле и по што тие биле Грци,а не Пеонци,Илири или др.?Тоа што тогаш немало модерни нации-држави,не значи дека луѓето не живееле во држави.Од сите Грци во четврти век пред Христа,Атињаните биле најнапредни,најбогати,најобразовани,а за варвари не ги сметале само оние што не биле Грци,туку и оние во Грците кои биле заостанати,неписмени,необразовани,прости, какви што во тоа време, за разлика од Атињаните и другите Грци, биле античките Македонци.Затоа Атињаните ( Демостен ) ги нарекле античките Македонци варвари,а не затоа што античките Македонци не биле Грци. |
| Ѓунер Исмаил, 05.10.2012 09:10:12 | “Среќен сум што живеев во векот во кој се распаднаа три големи империи па работата не ми беше тешка. Целиот тој распад требаше само да го запишам и опишам“.
Хобсбаум |
| georgi pesterliev, 05.10.2012 09:44:24 | Много точно! |
| Оливер, 05.10.2012 10:02:47 | Браво! Секоја чест! |
| respekt, 05.10.2012 11:32:53 | G-ne Rizaov mnogu vi blagodaram za tekstot po povod smrta na golemiot Eric Hobsbawm. Za zhal, nasheto opshtestvo ne izgradi kriteriumi za toa shto pretstavuva vrednost, a za toa shto e vrednost vo svetski ramki i da ne zboruvame, zatoa i smrta na znachajniot istorichar pomina molkum |
| Antinacionalist i antipatriot, 05.10.2012 11:41:29 | Ma predavnik, kako i siot svet! Samo Grujo e vistinskiot! Shest posledovatelni pobedi, sedmata e na povidok. Zaedno so Petrov, ke gi smachkat grcite isto kako i domashnite predavnici. Ke ja snema Grcija!!! Koj li bolen um? Ochito ke ni nametnat ime Nova Makedonija, za da ne distancirat od antikata i oladime so nacionalizmot. Si go baravme! |
| ФЕЛИКС, 05.10.2012 12:24:32 | Добар омаж за славниот историчар од страна на авторот.Истори��арот е познат по книгата ,,Време на екстреми,,преведена на десетици јазици.Но авторот пропушти да доде на описот да славниот историчар е и марксист по убедувањезатоа и ,бил член на комунистичката партија.Но тоа воопшто не му пречело ниту пречи на другите да со десетици книги ја збогати светската историја. |
| Makedon -arman, 05.10.2012 12:45:17 | Kој на македонските национал романтичари ке им објасни и убеди дека власите секаде на Балканот се декларираат како армани што значи на влашки останати или доморотци дека Пира жената на Македон значи Пламенка,Аминта победник или освојувач,Пердика-л коњска грива.И грците и македонците се наследници на старите македонци преку мешањето со арманите-власите.Ако ова го признаат и едните и другите лесно ке најдат решение за проблемот со името Македонија. |
| Маркос, 05.10.2012 13:22:50 | Загрепските „Новости„ сметаат дека со смртта на Хобсбом левата мисла остана без своето најстраствено, најталентирано и најзаинтересирано научно перо во последните педесетина години„. И заклучуваат: „Се одрони интелектуална карпа, без која пејзажот на интелектуалната памет никако нема да биде исти„. Благодарен сум му на г. Ризаов за спомување на зборовите на Хобсбом дека е светот полн со луѓе кои измислуваат истории и лажат за нив. А токму тоа нему му било омилено поле за подсмевање. Во книга „Измислување на традиции„, Хобсбом почнува со своите: „Ништо не изгледа толку старо, ниту повржано со минатото, кое више и не се памети, како помпата која ја опкружува британската монархија во јавните церемонии„. И додава дека „традициите„ за кои се вели да се стари, често се од скоро, а понекогаш и измислени. . |
| V.K., 05.10.2012 14:37:45 | Erol,
na denot koga pocina Hobsbaum, na akademik od MANU mu go prativ intervjuto koe go dal Hobsbaum vo noemvri 2011, a den podocna i go prasav akademikot zosto vo Makedonija e molk. Odgovorot na prasanjeto koe i ti go postvauvas e vo nivoto na kritickata naucna misla vo koe se naodja makedonskata nauka posebno politickata instrumentalizacija na istorijata.
Mislite na Hobsbaum za Makedonija se od isklucitelna vaznost za nivna natamosna analiza.
So pocit!
V.K. |
| Ajvan, 05.10.2012 15:03:10 | Gne Rizaov ,toa sto go zastapuvate kako covek ,im nedostiga ,na nasite politicari ,za da bidat uspesni lideri! Najiskren pozdrav do vas,sekogas e zadovolstvo da se citaat vasite kolumni! |
| do neinformiranite, 05.10.2012 16:55:42 | Makedonija ne e isklucok.Ima nacionalni drzavi koi se povekje multietnicki od Makedonija.Takvi se Estonija,Letonija,a drzavi koi se skoro isto multietnicki kolku Makedonija se Srbija,Spanija,Rusija...Sepak vo tie drzavi mnozinskiot narod se identifikuva so sekoja od tie drzavi.Ima i mnogu drugi multinacionalni drzavi vo svetot.Sekoja drzava e nekako multinacionalna.Teritorijata i drzavata se vika Makedonija poradi makedonskiot narod.Zatoa samo makedonskiot narod ima pravo da se identifikuva so Makedonija i e edinstvena maticna drzava na nas Makedoncite.Ne postoele porano Italijanci,Germanci,Srbi,Francuzi i site drugi i zatoa site narodi nastanale i so geografskoto nasledstvo.Vo antikata ne postoel poimot helenizam,a Makedoncite vo se bile razlicni od drugite.I vo vikipedija e oznacen jazikot na Makedoncite vo antikata za poseben.Imalo nepismeni i vo polisite pa ne bile narekuvani varvari.Nikoj ne moze da ni nametne smeneto ime bez nasa soglasnost. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 7°C
Ведро
|
Недела
Делумно облачно
Макс: 19°C, Мин: 7°C
|
Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (43)Дилемите по шлаканицата . Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|