05.10.2012, 09:40 Тимот на Груевски на парламентарен тест до полноќ
За да и' биде изгласана недоверба на Владата, потребно е иницијативата на СДСМ да ја поддржат најмалку 62 пратеници
Пратениците во македонскиот парламент денеска, најдоцна до полноќ, треба да се изјаснат дали и' даваат поддршка на Владата предводена од Никола Груевски или ќе ја поддржат иницијативата на СДСМ за недоверба. За да и' биде изгласана недоверба на Владата, потребно е иницијативата на СДСМ да ја поддржат најмалку 62 пратеници.
Според Деловникот, на почетокот на седницата претставник на предлагачот, во случајот на СДСМ, има 30 минути за да го образлож�� барањето. Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува со договор меѓу претседателот на парламентот со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати, во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути. Претседателот на Владата и пред гласањето има право да им се обрати на пратениците.
Доколку премиерот Груевски ја искористи можноста прашањето за доверба на Владата да го постави усно на пленарната седница, пратениците гласаат за доверба на Владата на истата седница, но без расправа. Ако биде изгласана недоверба на Владата, премиерот поднесува оставка до Собранието во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, првиот парламентарец веднаш го известува претседателот на државата, кој потоа во рок од десет дена го дава мандатот на оној претседател на партија или коалиција за која е уверен дека го има потребното мнозинство за да формира влада. Прашањето за доверба на Владата може да се повлече до почетокот на седницата на
Собранието, на која треба да се расправа. (П.Р.) |