05.10.2012, 13:21 Диво казино по вторпат падна во „Детонатор“
Илегално кумановско казино кое настрада во акцијата „Детонатор“, вчера повторно беше затворено од надлежните инспекции. Според МВР, од дивиот објект, кој работел без дозвола и без лиценца, запленети се 36 покер апарати. Организатор на работата во објектот е 49-годишен кочанчанец, кој е приведен, и уште две лица, чиј идентитет се' уште се утврдува. Претходно, во првата акција од објектот биле одземени 48 покер апарати. (Г.А.)
|