Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.10.2012, 18:00

Интервју - Не повикав на војна со Грција

„Кривично треба да одговараат оние што ме обвинија со клевета и ставија во политичка пресметка еден трагичен настан“, вели Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес

Горан Адамовски


Дали имавте контакт со родителите на момчето за кое тврдите дека е убиено и што велат тие?

- Јас го осудив убиството на студентот Александар Самарџиев откако бев известен дека на 29 септември починал, бидејќи претходно сите медиуми во Македонија ја информираа јавноста дека е претепан на 28 септември во Солун и пренесен во болница со тешки телесни повреди, со последици по животот. Неговите родители не ги познавам.



Каде и кога е погребан Самарџиев?

- Известен сум дека е закопан на 30 септември во 14 часот. Другото нека го одработат Агенцијата за разузнување и Дирекцијата за државна безбедност и контраразузнавање.



Дали имате потврда за убиството на момчето од друг извор, освен од Стилјан Самарџиев? Можно ли е цело село, сите здруженија на Македонци, сите државни институции на двете земји да се синхронизирани до тој степен да не излезе никаде потврда за случајот?

- Верувам дека Александар Самарџиев не е фантом, туку претепан од членови на неонацистичката „Златна Зора“, кој на 29 септември им подлегнал на повредите и починал. Доказите се сокриени заради заштита на државни интереси на Грција. Впрочем, „Златна Зора“ е креација на грчката тајна полиција против имигрантите и Македонците во Грција. Не очекувам медицински извештај од болницата „Папаниколау“ во Солун, или писмени белешки од грчкото МВР или МНР, тие не се надлежни мене да ме информираат. Јас незнам некое село да се оградило, чув само за реакцијата на „Виножито“ дека не сакаат да го коментираат настанот. Конспирацијата нека не ве изненадува, та што ако е во прашање држава, напротив уште повеќе, оти таа е организирана власт со свои интереси и извршители.

Со Вашите изјави кои се протолкуваа како повик за војна со Грција, навлековте реакции од партии и поединци кои бараат истрага од Обвинителството? Стравувате ли од ваков епилог?

- А, каде и кога Тодор Петров упатил повик за војна со Грција? За болни шпекуланти од фабриката на СДСМ и ситни политиканти си има други јавни установи, не можам јас да им лечам фрустрации. Кривично треба да одговараат тие што мене ме обвинија со клевета што самите си ја конструираа и еден трагичен настан го ставија во политичка пресметка со опонентите. Јавниот обвинител не е бабарога за да се плашам од него, но тој прво нека ја реши пријавата против Љупчо Георгиевски, спинот на СДСМ и Софија, кој правеше заговор за поделба на Македонија со премиерот на Србија.



Дали е коинциденција што сето ова се случуваше пред посетата на еврокомесарот Филе на Атина, каде што разговараше и за проблемот со името?

- Прашањето е неосновано, такво сценарио вртат само болни умови против Македонија. А, мислите дека еден Стилјан Самарџиев го одврати Филе во Атина од решение за името на државата Македонија? Да не е смешно ќе биде комично. Патем, и во оваа прилика потврдувам дека државното име Македонија никогаш нема да се смени. Државата била и ќе остане само Македонија. А кој мисли дека може да го смени, и од манипулации против Тодор Петров може да гради стратегија за елиминација на оние кои се против промена на државното име Македонија, само нека проба!


Статијата е прочитана 2470 пати.

Испрати коментар



Интервју - Нема помирување со провоцирање
Атина драматизира за да профитира
Пол Кругман во регионов - Економиите тонат поради штедење
ДУИ ќе го поддржи Груевски?
Без СДСМ на координација, нема седница за доверба



ЛС, 04.10.2012 06:24:39
Јас сум крив! Ах, како не му поднесов кривична пријава на овој господин, тогашен другар за малверзациите со данокот на промет на производи и услуги кога го водеше Здружението на занаетчиите во Гевгелија! Денес, можеби, ќе имавме еден ваков ,,политичар,, помалку.
пријател, 04.10.2012 06:25:35
Петров кажува дека не ги познава родителите на „ убиениот “.Не очекувал медицински извештај од болницата.Грчкото МВР или МНР не биле надлежни него,Тодор Петров,да го информираат,А СЕПАК ИМА ИНФОРМАЦИИ дека некој си Александар Самарџиев,кој ЗА НИКОГО НЕ ПОСТОИ (постои само за Петров) е убиен и закопан.КАДЕ?Е па тоа нека го ОДРАБОТАТ Агенцијата за разузнавање и Дирекцијата за државна безбедност и разузнавање!?А како да ОДРАБОТААТ ако Александар Самарџиев НЕ ПОСТОИ?Ако постои,кој се неговите родители,каде живеат,кај се родил,кај живеел,има ли браќа,сестри,другари,постои ли некаков негов документ(лична карта,пасош,иднекс,некакво уверение)?Јас ќе речам МАГАРЕ ЛЕТА,а Агенции и Дирекции и КОЈ САКА ДРУГ,нека ОДРАБОТИ дали МАГАРЕ ЛЕТА.
стојан крстаноски, 04.10.2012 07:31:33
Несфатливо е како можи да се води невидена контра пропаганда за факти кои се очигледни. Тодор петров не е маргинална личност за нему да не му се верува на изнесените факти, а познато е и што се можат да сторат фашистички организаци од именованата во соседната земја.Функцијата и името на организацијата кое застапува Петров треба да се почитува и вреднува, а не да се вадат ситни политикански поени за дневна употреба .Функцијата која е извршува г-динот Петров и минатиот вложен труд за зајакнување на македонската кауза е достојна за почит
ФЕЛИКС, 04.10.2012 07:34:29
Карактеристично во ова интервју е упорноста на Петров да остане на тезата да сепак имало претепување со смртни последици.Оваа упорност уште подлабоко го вовлекува него во уште поглупава ситуација.Родителите на претепаниот никој не знае дали постојат,оти и никој не контактирал со нив,селаните појма немаат,дотичниот што ја пласирал веста е со сомнителна ментална состојба и т.н Делува ступидно идејата да службите со безбедносен предзнак се ангажираат работата да ја откријат.Уште тоа фали па да бидеме обвинети за шпиунажа на соседот. Делува како хумореска себе промовирањето како бранител на името и демек ,,нека се проба ваков како него градител на стратегии за името некој да го елиминира,,По се изгледа имаме домашна октомвриска ,,Златна зора,, на маргиналец,кој во себепромовирање дебело ја утна работата.
Miki, 04.10.2012 08:20:37
Kutriov covek celo intervju zboruva za nekavi zaveri, protiv nego, protiv Makedonija, za ubieni patrioti, pa vo 14 zakopani? Ako negovite tutori navistina mu sakaat i malku dobro hitno treba da mu aranziraat tretman vo soodvetna institucija, so strucni lica koi sigurno bi mu pomognale..Malku me zacudi sto Utrinski dava prostor za prodolzuvanje na histerijata no ok, neka se vidi do kraj koj e koj..p.s. mnogu zacuduvacki e sto seto ova glupiranje e odmolcano od vlasta, ne vi se cini?
Ајван Доктор®, 04.10.2012 08:42:34
„Убиството е акт на објава на војна“,објави Т.Петров!Претходно изјави:„Грција или ќе се пресмета со фашизмот и неонацизмот,или Грција нема да ја биде“!?Зарем тоа не е повик на војна?!Патем,Александар бил грчки граѓанин со грчко презиме,а според новинарите,во селото тврдат дека Стелиос живее во некој посебен само нему познат свет,а братот дека е фикција!?ФБ-профилот на Стилјан: https://www.facebook.com/photo.php?fbid=4269885979121&set=a.2108397023248.124659.1045235211&type=1&theater,посочува дека е „вработен и едуциран“во Powerful Ministry of Propaganda,со слика на Ј.Гебелс,а политичко гледиште:Национал-социјализмот!Брат му е „Македонски Обединети Сили Прилеп“,а сестра:Мемур Елпида!?Основ на будалаштината е заблудениот „Семакедонец“,кој треба да Одговара за дезинформации!Повика на војна,надевајќи се дека ќе си најде доволно празноглави кои ќе станат негови следбеници,но избегна да им вети дека ќе застане на чело на колоната со која најпосле ќе си го оствари сонот―Солун да стане наш!
Istocna Makedonija, 04.10.2012 09:22:07
Ete ti go bez sram i perde,posle nekolku dena i demantira nesto sto site jasno i glasno go cuvme i beskrupolozno,vo oci,ja laze sevkupnata makedon ska javnost.Dobro e i profesionalno sto na Vasiov pisan medium mu e daden prostor da odgovori,no javniot TV servis treba pak da go vkluci vo udaren tajming na centralen Dnevnik,pa makar i preku telefon.No,prethodno da se pusti veke kazanoto i voznemiruvackoto od nego i na toa,direktno,da odgovori golemiot ,,patriot!A ne,igra na zborovi i kontraobvinuvanja,kako vo narodnata ,,aramite zboruvaat za cesnost!
Fikcii na Todorce, 04.10.2012 09:50:20
Eden obezlicen manipulator i nacionalist , bez perde i obarz, koj od nekoi vnatresni frustracii i shisophreni kompleksi na velicina provaluva rzni spinovi. Vece 20 godini java na nacionalizmot i bogami dobro si zivee. manipulirajci ja dijasporata. No vece e procitran, pa mora radi zajaknuvanje na svoeto ego da producira se novi i novi lagi , ne vodejci smetka kolku i nastetuva na Makedonija. Aleksandar , Todorce postoi edino vo fikcijata na Siljan i tvojata fikcija. I dvajcata ste za lecenje. A toa dali ne povikuvase na vojna, preslusaj go malku podobro izrecenoto na MTV , pa ce ti bide mozebi pojasno.Srbite za takvi licnosti velaat , vucibatina.
васко белески, 04.10.2012 11:27:10
Постои, не постои, националист, лажго и што уште не му препишувате на Тодор Петров. За разлика од сите вас овде г-н Тодор Петров постои и стои позади она што го тврди со полно име и презиме. ме чуди само фактот до каде одат овдешните критичари (кои се плашат да го напишат своето име и презиме) со критики во полза на Јужниот Сосед (државата која го промени светот). Тодор Петров не објави војна, војната трае веке 50 години, за сите тие години нема мкедонски презиминја веке кај јужниот сосед, за нив нема веке Македонци....и нема да има кога имаме ваков Наrod кој се плаши и од сопствената сенка. Психопат е самата држава Грција, која со години ја лажеше Европа, со децении манипулираше со извештаи меродавни за европските Банки, резултатот го гледате сега...дали постои Александар како индивидуа незнам, но знам дека Александар сме сите ние, бидејки Јужниот сосед ни го одзема правото на Иднина, полека ама сигурно ни го уништува идентитетот...Биди секогаш за Македонија и сакај ја ....
Дијаспорец, 04.10.2012 11:36:54
Не е толку Тодорче болен колку што е дијаспората недоквакана па го спонзорира... Да спонзорираш болни умови треба и самиот да бидеш изветреан! Нека им служи на чест : тоа е една од причините што никогаш нема да бидам член на една таква париперачка организација иако живеам надвор од границите на Република Македонија.
perica, 04.10.2012 12:25:28
Pokrenuvanje postapka od obvinitelstvoto pod itno, zakonot e jasen
менталист, 04.10.2012 12:40:31
Тодорче беше кандидат за претседател. Замислете да победеше, досега нашите тенкови ке беа паркирани пред Беаз Кула.
A shto ako pobedime?, 04.10.2012 13:27:01
Todore, ubivstvo i mrtov chovek ne mozat da se sokrijat, pa makar i cel svet bil vkljuchen vo misija *skrivanje*. Se skrivaat ubijcite/narachatelite i motivite. Vtoro, pravdate se so nekakov strav, shto na meshtanite, shto vash (pa, pu pu ne vazi), a od druga strana ste predstavnici/cheda na golemiot i neustrashiv Aleksandar Makedonski, koj popat od strav go krstivte Voin na konj. Pa izjasnite se vece ednash, dali ste hrabri antichki (aleksandrovi) voini t.e. falanga, so moc, namera i cel da ja zgazite Grcija ili ste obichni trabanti i plashlivi slovenski pizdi, koi ne mozat ni ova *komunistichkoto delo* da go sochuvat ?
Ana, 04.10.2012 14:51:36
Neviden salabajzer. I toj ke ja prestavuva dijasporata i ke se bori za nivnite prava. A bre makedonce
Rezzilov, 04.10.2012 20:14:41
Е,жални Македонци!`Какви се овие коментари (со исклучок на г-динот Васко Белески)?!?Од каде вие знаете дека Александар не постои или не е убиен?Да не саката лично фашистите од “Златна зора“ да ви признаат?Зарем не сте слушнале за акции “го голтна матната“?Тоа го имаше за време на Хитлер и за време на Сталин.Човек можеше едноставно да го снема,а никој да н е с м е е да праша каде е?А што ако еден ден,испадне дека навистина имало убиство?Прочитајте ја книгата “Творци страха“ од Вилфрид Хилинг!
Mitko Zdraveski, 04.10.2012 23:27:37
Citam i nemozam da se donacitam ivica , perica, ajvan doktor i kakvi uste se nema iminja na ovoj utrinski vesnik sramota gospodo od utrinski sto dozvoluvate nekoj da kritizira i uoatuv navreddkivi zborovi a pritoa se plasi da napise jako se vika neli e toa fantomno i predavnicki ?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Претежно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 8°C

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 22°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Кога Менхетен се врати во камена доба
По најмногу еден ден без греење и струја, без вода за туширање и да се пушти вода во тоалетот, Њујорк не е воопшто забав...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |