Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.10.2012, 17:57

Без СДСМ на координација, нема седница за доверба

Вељаноски вчера преку телефонски пораки ги известил координаторите на сите пратенички групи дека утре пред почетокот на седницата ќе се одржи координација

Татјана Поповска

Доколку координаторот на пратениците на СДСМ Игор Ивановски не се појави на координација кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, на која ќе се договорат деталите за текот на петочната седница за доверба на Владата, можно е седницата воопшто да не почне. Ваква можност најавуваат од кабинетот на Вељаноски, имајќи го предвид неколкумесечниот бојкот на СДСМ на координациите. Потсетуваат дека во Деловникот јасно е наведено дека пред ваква седница се одржува координација на која се договара редоследот на говорниците и соодносот меѓу власта и опозицијата. Вељаноски вчера преку телефонски пораки ги известил координаторите на сите пратенички групи дека утре пред почетокот на седницата ќе се одржи координација.

„Станува збор за специфична седница, за која не важат истите правила од седниците за пратенички прашања, каде што соодносот на говорниците е два спрема еден. Затоа е потребно сите да дојдат на координација и да се договориме“, велат од кабинетот на Вељаноски.

Тие се повикуваат на член 216 од Деловникот каде што се вели дека „редоследот на пратениците по пратенички групи и пратениците кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата“.

Во пратеничката група на СДСМ вчера не сакаа да ја коментираат ваквата најава од Вељаноски, ниту пак дадоа јасен одговор дали ќе одат на координација или не. Веројатно конечна одлука ќе донесат на денешната средба што пратеничката група ќе ја има со претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски.

„Деловникот ќе се почитува и договор ќе се постигне, што е обврска за сите“, порачаа кратко од СДСМ, не прецизирајќи дали ќе направат исклучок и само за оваа седница ќе го прекинат бојкотот.

Во партијата на Црвенковски потенцираат дека ним Уставот им ја гарантира можноста да побараат седница за доверба на Владата и дека таа мора да се одржи. Во уставните одредби каде што се регулира прашањето за доверба на Владата никаде не стои обврска пред седницата да има координација кај претседателот на Собранието.

Пратеничките групи од опозицискиот фронт предводени од СДСМ од април оваа година ги бојкотираат собраниските координации кои се одржуваат секој понеделник кај собранискиот спикер. Причината за ваквиот потег е тоа што Вељаноски одби на дневен ред на собраниска седница да постави законски решенија предложени од СДСМ.


Статијата е прочитана 1658 пати.

Испрати коментар



Интервју - Нема помирување со провоцирање
Атина драматизира за да профитира
Пол Кругман во регионов - Економиите тонат поради штедење
Интервју - Не повикав на војна со Грција
ДУИ ќе го поддржи Груевски?



milan, 04.10.2012 07:44:16
Treba da se pocituvat ustavnite resenija,a ne preko nastimani sednici,da se bara nadmudruvanje i seto toa da bide na steta na ovoj narod.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 3°C

Вторник
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (20)
Плачењето на Ранковиќ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Можеме ли да ја повратиме дивината?
Амбициозните програми за обновување и повторно оживување на деградираните екосистеми ја предизвикуваат претпоставката де...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |