08.10.2012, 10:49 Пандев му донесе победа на Наполи
На синоќешниот дуелот со Удинезе на „Сан Паоло“ во Неапол, Пандев го постигна вториот гол за победа на Наполи од 2:1
Македонскиот репрезентативец Горан Пандев го постигна вториот гол за Наполи во дуелот со Удинезе одигран синоќа на „Сан Паоло“ во Неапол, за победа на неговата екипа од 2:1.
Резултатот го отвори Марек Хамшик, а за Удинезе изедначи Џиамперо Пинци, а Пандев голот го постигна во судиското продолжение од првиот дел.
Покрај овој дуел, синоќа се одигра и дербито на 7.коло на Серија А меѓу Милан и Интер. Победа од 1:0 оствари Интер со голот на Валтер Самуел во 4. минута. Интер најголемиот дел од второто полувреме го одигра со играч помалку бидејќи Јуто Нагатомо доби црвен картон.
На другите натпревари беа постигнати резултатите: Фиорентина – Болоња 1:0, Сиена – Јувентус 1:2, Торино – Каљари 0:1, Катанија – Парма 2:0, Пескара – Лацио 0:3, Рома – Аталанта 2:0, Џенова – Палермо 1:1 и Киево – Сампдорија 2:1.
Табела: Јувентус 19, Наполи 19, Лацио 15, Интер 15, Рома 11, Фиорентина 11, Катанија 11,... |