11.10.2012, 15:18 Коби најави пензионирање за две години!
Брајант веќе има полни 34 години, доста ситни повреди, па се чини дека се ближи датумот на разделба од кошаркарските терени
Еден од најдобрите шутери во денешницата, Коби Брајант полека го подготвува теренот за да стави крај на играчката кариера. Ѕвездата на Лос Анџелес најверојатно ќе се пензионира за две години, поточно во 2014 година кога ќе заврши неговиот договор со лејкерси.
„Иако никогаш со сигурност не треба да се најавува вакво нешто, сепак во овој момент ова е доста реално. Три години се многу долги период за да можам да го одржам потребното ниво на игра. Постои голема можност кариерата да ја завршам за две години, но никогаш не се знае. Во моментов имам голема самодоверба, па ќе видиме“, е првичната изјава на Коби Брајант, кој во продолжение додава: „Во кошарката не е само во здравјето, туку и фактот дали и понатаму би сакал да играм кошарка, дали и во иднина ќе бидам еднако „гладен“ за настап во ова квалитетно натпреварување. Никогаш нема да си дозволам да бидам играч што ќе постигнува 15 поени и ќе добива помала минутажа се со цел да дојде до шампионската титула. Тоа не сум јас. Доколку не би можел и понатаму да го давам истиот допринос нема да играм“, објаснува ѕвзедата на лејкерси.
Што се однесува до настапот во дресот на селекцијата на САД, тој по завршувањето на Олимписките игри во Лондон истакна дека е време на помладите играчи да им се отстапи место.
Новата сезона за Коби ќе биде 18 во НБА лигата, а доста интересно е што сите тие години ги мина во дресот на „езерџиите“.
Брајант во моментов се соочува во повреда на рамото со која се зодби во пред сезонскиот натпревар против блејзерси. Засега препораките од лекарсите велат дека ѕвездата на лејкерси ќе мора да го пропушти стартот на новата сезона, што пак е голем шок особено ако се земе во предвид дека долго време го мачеше повредата на коленото.
|