Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
12.10.2012, 11:42
Момент за вистината за фудбалерите



Вечерва нашата фудбалска репрезентација домаќин на хрватската во квалификациите за СП 2014

САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ

Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа пред нови два испита на зрелоста. Вечерва на Националната арена „Филип Втори“ (20,30 часот), во октомвриската сесија во квалификациите за СП 2014 во Бразил, ќе го полага првиот со Хрватска, во вторник на истиот мегдан своето знаење ќе го демонстрира и против Србија пред многубројната комисија на трибините. Добра партија и максимално залагање на тревникот е обврска на секој еден во составот на Чедомир Јаневски за потврда дека игрите во Загреб и во Глазгов во минатиот месец не беа случајност и дека нешто навистина се движи во позитивна насока кога е во прашање нашиот национален тим. Велиме обврска која, сепак, не треба да ги обремени играчите, а и публиката во текот на целиот натпревар коректно да се однесува кон своите репрезентативци и да ги бодри и поддржува и кога не оди наместо да негодува и исвиркува. Тоа секогаш и во секоја прилика може да биде контрапродуктивно што во најчест број случаи во пракса и се потврдува. Токму на тоа укажува и Јаневски. Дека се чувствува позитивната атмосфера околу националниот тим признава и дефанзивецот на Стеауа, Даниел Георгиевски кој упати апел до навивачите да бидат 12 играч на репрезентација вечерва.

„На секој чекор ја чувствуваме позитивна атмосфера и енергија. Сознанието дека народот е зад нас и со нас е прекрасно. Одамна не било вака кога е во прашање репрезентацијата. Се надевам дека трибините ќе бидат полни и публиката ќе биде наш 12 играч против Хрватска за чии квалитети нема потреба да се трошат зборови. Нивната позиција на ранг листата на ФИФА и играчкиот кадар што го поседуваат доволно кажува. Ќе дадеме се што е во наша можност во напорите и желбите за позитивен резултат. Имаме континуитет на добри игри во последните неколку мечеви, се надевам дека ќе биде така и во натпреварот. Мотиви не ни недостасуваат“. вели Даниел Георгиевски кој важи за одличен познавач во хрватските фудбалски прилики со оглед дека изминатите шест сезони во кариерата ги мина во Динамо Загреб, Меџимурје и Шибеник од каде се пресели во Букурешт.

Националниот тим доби позитивна оценка за начинот со кој влезе во мундијалската кампања кон Јужна Америка. Беше рамноправен партнер на Хрватите на "Максимир", беше подобар од Шкотланѓаните на „Хемпден парк“, но за жал, остана со само еден бод од воведните две гостувања. Затоа и задоволството од играта е големо, од резултатот не. Свесен е за тоа и Јаневски кој во единствената прес конференција пред средбата порача дека би бил среќен и послаби игри само да се освојуваат бодови.

Македонија влегува во два меча во кои улогата на фаворит ја понесува ривалот. Таквиот момент, меѓутоа, е спореден во целата ситуација и не смее да се дозволи да ја наруши стабилноста на нашите репрезентативци кои треба да ја сочуваат смиреноста, да се концентрираат во натпреварот и да се фокусираат на она што треба да го одработат на зелениот правоаголник. Притоа помошта од трибините е посакувана и добредојдена и треба да претставува ветар во грб за Горан Пандев и компанија. Таа е само еден од адутите на нашата репрезентација. Вториот е домашниот терен, континуитетот на добри игри во пријателските и квалификациски дуели, формата на капитенот кој се најави кај селекторот Јаневски со гол за Наполи против Удинезе во неделниот меч во Серија А. Радуваат и вестите за Иван Тричковски кој ги надминува проблемите со задната ложа, се врати во тимот на Бриж, ги одработи сите задачи на стручниот штаб на тренинзите за време на овие подготовки и се очекува негов нас��ап и вечерва. Формата и кај останатите е подем, а здравствениот билтен е повеќе од поволен што значи дека Јаневски е на слатки маки и со прилика да го состави најсилниот тим од сиот расположлив потенцијал.

„Мора да ја искористиме оваа еуфорија во наша полза и не смее да дозволиме да се одрази како притисок. Сите ние сме професионалци и многупати во кариерите сме настапувале пред полни трибини. Работевме добро во тренинзите и се наоѓаме во добра форма. Ако ги исполниме замислите на селекторот можеме до позитивен резултат“, вели стоперот на репрезентацијата на Македонија и капитенот на бундеслигашот Мајнц 05, искусниот Николче Новески.

Вечерашниот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Хрватска ќе почне во 20,30 часот. За правдата е делегиран судиски мколегиум од Данска на чело со Петер Расмусен. Од организаторот на мечот, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), апел за сите што обезбедија влезници за „Филип Втори“ дека вратите на стадионот ќе бидат отворени од 17 часот до 19.45 часот, дека ќе има засилени мерки на безбедност и ригорозни контроли, дека е забрането внесување на предмети што може да завршат на терен или да ја загрозат безбедноста на присутните на трибините како и забраната за носење на клупски обележја.


Статијата е прочитана 1138 пати.

Испрати коментар



Мареј против Ѓоковиќ за тронот во Шангај
Вардар Про убедлив во ЕХФ Купот
Вебер ја освои пол позицијата во Кореја
МЗТ бара полна сала за нова победа
Селекторот Јаневски го призна поразот
(ФОТО) Наивен пораз на Македонија од Хрватска
Алонсо зашеметен од Ред бул
(ФОТО) Хрватски навивачи во Скопје
Антиќ и Мекејлеб почнаа со победа
Едуардо - Ова е наше најтешко гостување
Адеми ги избра „коцкестите“, Македонија втора опција
Коби најави пензионирање за две години!
Армстронг одново на столбот на срамот
Калтенборн прва жена шеф на Ф1-тим
МВР со посебни безбедносни мерки пред мечот со Хрватска
Шест гола на Лазаров против Сагунто
Вардар казнет со два натпревара без публика на домашен терен
Хрватските хулигани најавуваат доаѓање во Скопје!
Фудбалерите бараат максимална поддршка
Штимац - Во Скопје потешко од Белгија
Сточиков под истрага за напад врз новинар
Вардар про му се реваншира на Извиѓач
Убедлива победа на Барселона против Далас
Антиќ ограбен во Атина
Тони Надал - Федерер е подобар од Рафа!
Јаневски бара бодови, макар и со послаба игра
Болт ќе ги брани медалите во Рио
„Убиецот“ му се извини на Федерер
(ФОТО) Прв тренинг на македонската репрезентација пред натпреварот со Хрватска
Штимац - Свесни сме за незгодноста на Македонците
Хрватските хулигани нема да го видат Скопје
За Интер 220. миланско дерби
Илиевска со бронзен медал на Медитеранскиот шампионат
Пандев му донесе победа на Наполи
Меси 2, Роналдо 2
МЗТ Скопје поразен во Подгорица
(ФОТО) Вардар падна во Тетово
Илиевски и Цедевита паднаа во Сплит
Арената распродадена, Хрватска ја очекува пекол на „Филип Втори“
Осум гола на Лазаров во Целје
Триумф на Фетел во Сузука
(ФОТО) Металург го преслуша и Горење
Победи на Челзи и Манчестер Сити
Пол позиција за Фетел на Големата награда на Јапонија
Металург загреан за Горење
Пандев и Наполи надиграни во Ајндховен
Лазовски - Неуспехот во Венецуела беше пресуден за оставката
Ракометарките одиграа нерешено со Црна Гора
Кираџиев единствен македонски претставник на СП во полумаратон
Лазовски се повлекува од кошаркарската репрезентација
Нексе добра поука за Горење
Вардар казнет со 10.000 евра
Ставрев ќе го суди мечот Русија - Азербејџан
Балотели им ја скрати радоста на „милионерите“
Тодоров задоволен од победата, но не и од играта
Металург поразен од Нексе
Втора победа за МЗТ Скопје во АБА лигата
Финансиска полиција го „чешлаше“ Наполи
Светската лига во ватерполо без Македонија
Македонија падна седум места на ФИФА листата
Карабатиќ негира дека се обложил на мечот под истрага
„Металците“ не го потценуваат Широки
БАТЕ Борисов непријатно изненадување за Баерн



pile, 12.10.2012 18:04:16
Posakuvam kvaliteten i fer sportski natprevar,redno e sportskata sreka da bide na strana na reprezentacijata na R.Makedonija,hrabro momci da im vratime za porazot od Zagreb,cvrsto da se trese Skopje od slavenicka euforija,prognoziram 3:1 za R.Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Обилни врнежи

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |