Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.10.2012, 16:16
Македонија им се поклони на хероите од НОБ



Денеска бројни делегации - претставници од Владата, од Сојузот на борците, од Кабинетот на претседателот Иванов, пратеници од Собранието, од АРМ и други положија цвеќе на спомениците на народните херои

Македонија ја одбележа 71-годишнината од почетокот на антифашистичката борба и народноослободителната војна, која последниов период беше дел од политичките препукувања. Денеска бројни делегации - претставници од Владата, претставници од Сојузот на борците, од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, пратеници од Собранието, од АРМ, претставници на училишта, јавни институции и установи, политички партии и граѓански организации положија цвеќе на спомениците на народните херои. Иако, беа најавени меѓу оние што требаше да положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на споменикот на Методија Андонов Ченто, сепак, во делегациите не беа министерот за економија Ваљон Сарачини и министерот за правда Блерим Беџети.

Комплетниот државен врв присуствуваше на Свечената академија во Домот на АРМ. Таму забележливо беше и присуството на најактуелниот пратеник на ДУИ во моментов, Талат Џафери, додека како претставник на опозициската СДСМ беше пратеникот Марјанчо Николов. ДПА повторно беше „оправдано“ отсутна.

Говорниците беа единствени дека со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

„Партизаните верувајќи во своите цели посветено се изборија за слободна и независна Македонија“, рече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Според него во модерна Македонија совршено јасно се отсликуваат вредностите кои ги имаат втемелено учесниците во Народноослободителната борба.

„Ние денес живееме токму по начинот за кој тие се залагале македонскиот народ да живее во мир со сите народи кои ги почитуваат принципите на братство, еднаквост и солидарност. Взаемната почит е темел за добри односи и добар соживот. Тие наши идеали се поклопуваат со оние на НАТО-алијансата, што е и главната причина за успешното пријателство и сојузништво со земјите членки на оваа организација“, додаде Вељаноски.

На Свечената академија се обрати и претседателот на боречката организација Тодор Атанасовски, кој ги замоли присутните со едноминутно молчење да им се оддаде почит на сите загинати и починати борци од НОБ. 

Инаку, за време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава. (Н.К.)







Статијата е прочитана 1062 пати.

Испрати коментар



Со нож го прободела насилниот полубрат
Девет македонски компании меѓу најдобрите 100 во ЈИЕ
Осудениот за убиството во „Биг фиш“ наскоро на слобода?
СДСМ - Владата да признае дека економскиот дел од извештајот е негативен
Македонскиот одговор на грчкиот меморандум во декември
На Деве Баир запленет хероин вреден милион евра
Ставрески - СБ ќе ја поддржи Македонија со 250 милиони евра
Црногорците во недела избираат нов Парламент
(ФОТО) Пожар во подземните гаражи кај Зелен пазар во Скопје
Германија притиска за враќање на визите за Македонија
Кирил Спироски и официјално нов студентски лидер
Почнува кампањата за претседател на Словенија
Почна изградба на нов мост во Општина Илинден
САД под закана од „кибернетски Перл Харбор“
ОМД - Советот на ЕУ да одреди датум за преговори
ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир
„Кока-Кола Хеленик“ се сели во Швајцарија
Украина ќе престане да купува руски гас
Дебатата Бајден-Рајан со чести прекини и меѓусебни обвинувања
Стејт департментот бара придвижување на разговорите за името
Нобел за литература за Мо Јан
Како да се спречи крвната одмазда меѓу Албанците?
Скопјанец избоден поради паркинг
Атина во декември ќе ги отвори картите
Во Шведска драматично се најавуваат отпуштања
Ставрески - Ќе донесеме свеж капитал и ќе им исплатиме на фирмите
Прилеп го одбележа 11 Октомври
Владата ќе продава пченица од стоковите резерви
Врачена државната награда „11 Октомври“
Убиен шеф на безбедност на амбасада на САД во Јемен
Владата инвестира два милиони евра за поддршка на селата
Филе-Дачиќ - Нема нови услови за Србија кон ЕУ
Путин се налути - не оди во Анкара
Бесими во Пентагон и Советот за национална безбедност на САД
Европската комисија најави нова индустриска „револуција“
Кирил Спироски од Правен има најмногу гласови за нов лидер
Предлогот на ЕК шанса да се стави крај на грчката блокада
Честитка од претседателот Иванов за Денот на народното востание
Врачување на државната награда „11 Октомври”
Македонија одбележува 71 година од антифашистичкото востание
Груевски - Датумот за преговори ќе отвори ново поглавје за Македонија
„Оне“ со поголеми приходи
Џемо Хаса и Адем Јашари се токмат за гостиварските улици
Опозицијата го поздрави напредокот
Бугарските поплаки маргинализирани
Во сеопштата политизација МАНУ мора да ја одбрани науката
ЕК предлага паралелни преговори и за ЕУ и за името
Нова општинска зграда на Карпош на старото место
Ја ранил љубовницата, го убил соперникот
Филе потврди дека придавката „македонски“ ја има во извештајот на ЕК
Политичка тројка
(ФОТО) Паркот спроти „Бристол“ замина во историјата
Марихуана пронајдена во Градско
Исчезнатиот овчар пронајден жив
Костадин Кизов - нов претседател на Советот на јавни обвинители
Реакциите ja вратија придавката „македонски“ во извештајот
Потврдени затворските казни за две од трите де��ојки од „Пуси рајот“
Ленин заминува и од центарот на Улан Батор
Ангела им пружи рака на Грците
Британски муслимани уапсени за тероризам на Хитроу
Католичката црква oд 2013 година ќе плаќа данок на имот во Италија
„Бестрашнот Феликс“ - Разочаран сум, но не отстапувам
Македонија доби и препорака и услов
Мадрид го блокираше референдумот за независност на Каталонија
Германија ги притиска Скопје и Атина за компромис
Б92 - Има надеж за решавање на името
МАНУ одбележува 45 години од формирањето
Протести против Златна Зора во Њујорк
Стејт департментот одбил две барања за засилување во Бенгази
(ФОТО) Меркел донесе поддршка, но не и подароци
(ФОТО) Сашо Станинов имаше сообраќајка во Скопје
Протестно писмо од Тачи до Самарас



Komunjar, 11.10.2012 20:38:49
Nikade ne go vidov Gruevski da se pokloni, a da beshe Ace vo prashanje, taa chest nikomu nemashe da mu ja dopushti. Veljanovski, Peshevski i drugite patriotski oratori nitu ednash ne gi spomnaa komunistite i KP. Djoemiti vostanieto go dignale nekoi fiktivni ludje, a pobedata ja donele *demokratite*. Da, stalno napomenuvaa *partizanite* ama tokmu tie partizani se bile komunisti ili se podocna stanale komunisti, bi rekol redom site! Zatoa, kogo ovde blefiraat i zoshto im e taka machno da ja kazat vistinata? Kolku li samo mladi komunistichki zivoti se staveni vo temelite na ovaa drzava, a nekoj si dopushta ovakvo ponashanje i poistovetuvanje so fashistite. Sramota!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Облачно

Петок
Обилни врнежи
Макс: 24°C, Мин: 11°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Армстронг одново на столбот на срамот
Антидопинг агенцијата на САД тврди дека седумкратниот победник на Тур де Франс ги терал да се допингуваат и колегите од ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |