Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
11.10.2012, 14:39
Врачена државната награда „11 Октомври“



Во Македонската академија на науките и уметностите им беше врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело за 2012 година на академик Владо Камбовски и професор Димитар Мирчев - во областа на науката,  на писателот и професор Веле Смилевски и оперскиот уметник Борис Трајанов - во областа на културата и уметноста, и на кардиологот Самуел Садикарио - во областа на здравството, спортот и хуманоста.

Наградите им ги врачи академик Георги Старделов, претседател на Одборот за доделување на високото признание за оваа година, кој истакна дека смислата на празниците е да се сеќаваме и да ги паметиме големите настани и  личности.

Пред присутните во МАНУ, меѓу кои беа и претседателот на државата Ѓорге Иванов и архиепископот г.г. Стефан, Старделов укажа на нешто кое, цитирајќи го поетот Шопов, рече лично „го притиска и пече“.

„Ние, Македонците, зафатени од брзи промени не успеавме да создадеме некои трајни константи - и во светот, и во политичката и во културната историја на нашиот народ. Поради тоа ни се случуваат некои историски настани и, особено, некои историски личности, на еден или на друг начин да ги релативизираме. За тоа, ми се чини, во последното столетие доказ е судбината на двајцата најголеми корифеи на македонската култура - Мисирков и Конески“, рече Старделов.

Во име на петтемина годинашни добитници на државната награда се заблагодари проф. д-р Самуел Садикарио, интернист и ендокринолог. Предложи овој ден, на кој се празнува јунаштвото, револуцијата и надежта во подобри нешта, во иднина да ги слави интелектуалците и интелигенцијата која, рече тој, е најголемата сила што ги урнала  фашизмот, болшевизмот, маоизмот, пиночеизмот...

„Интелигенцијата е моќ, таа е сенка на Господ. Таа е како Светиот дух и е сеприсутна. Интелигеннцијата е таа која ќе го промени светот и која ќе ја промени Македонија“, рече д-р Садикарио.

Академик Камбовски изјави за медиумите дека наградата ја смета за големо признание и ја цени како важна симболика на голем датум од современата македонска историја. Писателот и универзитетски професор Веле Смилевски истакна дека наградата ја прима како сатисфакција за се' што создавал во изминатите 40 години.

Статијата е прочитана 786 пати.

Испрати коментар



Промовирана текстилна лабораторија на Технолошкиот факултет
Попоски од Оланд побарал поддршка за датум за преговори
Од четврток директни летови од Скопје за Дубаи
Производителите на јаболка задоволни од откупот и пласманот
Попоски на 14. Самит на Франкофонијата во Киншаса
Ристовски - ЕК констатира напредок во областите труд и социјала
Истрелани куршуми во штабот на Обама во Денвер
Во Скопје поставен споменик на Хасан Приштина
Одбраната на „Телеком“ ја спори надлежноста на американските судови
Бесими - Препораката на ЕУ за преговори е порака спорот да се реши
Со нож го прободела насилниот полубрат
Девет македонски компании меѓу најдобрите 100 во ЈИЕ
Осудениот за убиството во „Биг фиш“ наскоро на слобода?
СДСМ - Владата да признае дека економскиот дел од извештајот е негативен
Македонскиот одговор на грчкиот меморандум во декември
На Деве Баир запленет хероин вреден милион евра
Ставрески - СБ ќе ја поддржи Македонија со 250 милиони евра
Црногорците во недела избираат нов Парламент
(ФОТО) Пожар во подземните гаражи кај Зелен пазар во Скопје
Германија притиска за враќање на визите за Македонија
Кирил Спироски и официјално нов студентски лидер
Почнува кампањата за претседател на Словенија
Почна изградба на нов мост во Општина Илинден
САД под закана од „кибернетски Перл Харбор“
ОМД - Советот на ЕУ да одреди датум за преговори
ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир
„Кока-Кола Хеленик“ се сели во Швајцарија
Украина ќе престане да купува руски гас
Дебатата Бајден-Рајан со чести прекини и меѓусебни обвинувања
Стејт департментот бара придвижување на разговорите за името
Македонија им се поклони на хероите од НОБ
Нобел за литература за Мо Јан
Како да се спречи крвната одмазда меѓу Албанците?
Скопјанец избоден поради паркинг
Атина во декември ќе ги отвори картите
Во Шведска драматично се најавуваат отпуштања
Ставрески - Ќе донесеме свеж капитал и ќе им исплатиме на фирмите
Прилеп го одбележа 11 Октомври
Владата ќе продава пченица од стоковите резерви
Убиен шеф на безбедност на амбасада на САД во Јемен
Владата инвестира два милиони евра за поддршка на селата
Филе-Дачиќ - Нема нови услови за Србија кон ЕУ
Путин се налути - не оди во Анкара
Бесими во Пентагон и Советот за национална безбедност на САД
Европската комисија најави нова индустриска „револуција“
Кирил Спироски од Правен има најмногу гласови за нов лидер
Предлогот на ЕК шанса да се стави крај на грчката блокада
Честитка од претседателот Иванов за Денот на народното востание
Врачување на државната награда „11 Октомври”
Македонија одбележува 71 година од антифашистичкото востание
Груевски - Датумот за преговори ќе отвори ново поглавје за Македонија
„Оне“ со поголем�� приходи
Џемо Хаса и Адем Јашари се токмат за гостиварските улици
Опозицијата го поздрави напредокот
Бугарските поплаки маргинализирани
Во сеопштата политизација МАНУ мора да ја одбрани науката
ЕК предлага паралелни преговори и за ЕУ и за името
Нова општинска зграда на Карпош на старото место
Ја ранил љубовницата, го убил соперникот
Филе потврди дека придавката „македонски“ ја има во извештајот на ЕК
Политичка тројка
(ФОТО) Паркот спроти „Бристол“ замина во историјата
Марихуана пронајдена во Градско
Исчезнатиот овчар пронајден жив
Костадин Кизов - нов претседател на Советот на јавни обвинители
Реакциите ja вратија придавката „македонски“ во извештајот
Потврдени затворските казни за две од трите девојки од „Пуси рајот“
Ленин заминува и од центарот на Улан Батор
Ангела им пружи рака на Грците
Британски муслимани уапсени за тероризам на Хитроу
Католичката црква oд 2013 година ќе плаќа данок на имот во Италија
„Бестрашнот Феликс“ - Разочаран сум, но не отстапувам
Македонија доби и препорака и услов
Мадрид го блокираше референдумот за независност на Каталонија
Германија ги притиска Скопје и Атина за компромис
Б92 - Има надеж за решавање на името
МАНУ одбележува 45 години од формирањето
Протести против Златна Зора во Њујорк
Стејт департментот одбил две барања за засилување во Бенгази
(ФОТО) Меркел донесе поддршка, но не и подароци
(ФОТО) Сашо Станинов имаше сообраќајка во Скопје
Протестно писмо од Тачи до Самарас



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Делумно облачно

Недела
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |