11.10.2012, 13:08 Бесими во Пентагон и Советот за национална безбедност на САД
Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, во рамки на работната посетата на Соединетите Американски Држави, во периодот од 11-13 октомври 2012 ќе оствари повеќе значајни средби во Вашингтон, САД.
Согласно агендата, соопшти денеска МО, министерот Бесими на првиот ден од посетата ќе оствари средба со претседателот и извршен шеф на Атлантскиот совет на САД, Фред Кемпе, каде тема на разговорите е промоцијата на евроатланските интеграции на земјата и зајакнување на одбранбената дипломатија.
Во насока на зацврстување и промовирање на врските на Република Македонија со иселениците и по повод државниот празник 11-ти Октомври министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими ќе оствари средби со Мето Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора и со Авни Мустафај, претседател на националниот албанско-американски совет.
На средбите ќе биде искажана благодарност на Република Македонија за заложбите во лобирањето на организациите на иселениците за остварување на стратегиските цели на државата, активност која и понатаму е од непроценлива важност за сите граѓани на земјата.
На вториот ден од престојот во Вашингтон, утре министерот Бесими, како што е најавено, ќе се сретне со професорот Даниел Сервер од Универзитет „Џон Хопкинс“, каде воедно ќе одржи и предавање.
Во Вашингтон во агендата на министерот за одбрана се средбите во ПЕНТАГОН со потсекретарот за одбранбена политика Џемјс Милер, во Советот за национална безбедност на Белата куќа на САД ќе се сретне со Џулиен Смит, заменик- советник за национална безбедност на потпретседателот на САД, Џо Бајден. Планирана е средба и со заменик-началникот на бирото на Националната гарда на САД, генерал- потполковник Џозеф Ленџиел во врска со интензивирање на соработката со Армијата на Република Македонија.
|