10.10.2012, 14:59 Филе потврди дека придавката „македонски“ ја има во извештајот на ЕК
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе потврди дека придавката „македонски“ е содржана во извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2012 година.
На прашање на дописникот на МИА, Филе на денешната прес-конференција во Брисел одговори дека придавката „македонски“ два пати е спомената во извештајот.
Европската комисија денеска четврти пат препорача Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Комисијата понуди и предлог за преговарачка рамка за решавање на прашањето за името во рана фаза од преговорите за пристапување на Македонија во Европската унија, доколку Советот на ЕУ ја прифати четвртата позитивна препорака на ЕК.
|