11.10.2012, 15:49 Нобел за литература за Мо Јан
Кинескиот автор, роден како Гуан Моје, живее во Франција и делува под псеудоним
Кинескиот автор Мо Јан е добитник на овогодишната Нобелова награда за литература. Плодниот автор има објавено десетици раскази, а неговото прво дело е објавено во 1981 година. Шведската академија ја пофали неговата работа која „со халуцинантен реализам ги спојува народните приказни, историјата и современото“.
Овој 57-годишен автор е првиот Кинез кој ја добил оваа престижна награда. Гао Ксингџијан, роден во Кина, беше добитник на оваа награда во 2000 година, но тој е француски државјанин. Мо е 109. добитник на оваа престижна награда, која минатата година ја доби шведскиот поет Томас Транстроемер.
Доделена од Нобеловата фондација, наградата – која се доделува само на живи поети – е во вредност од осум милиони круни (741.000 фунти). Роден како Гуан Моје, авторот пишува под псевдонимот Мо Јан, што значи „не зборувај“ на кинески. Тој почнал да пишува додека бил војник во Народната ослободителна армија (ПЛА) и се стекнува со меѓународна слава во 1987 година со „Црвена шеќерна трска: роман за Кина“. Последната книга предизвика контроверзност кога во 1995 година беше објавена, поради нејзината сексуална содржина и описот на класната борба спротивна на онаа на Кинеската комунистичка партија. Авторот беше принуден од страна на ПЛА да ја повлече од објавување иако таа многупати беше нелегално печатена. Откако една деценија подоцна беше преведена на англиски јазик, книгата му обезбеди номинација за наградата за Најдобар роман од азиски писател спонзорирана од „Ман груп“.
Неговиот најнов роман „Жаба“ („Фрог“), за кинеската политика за „едно дете“ за контрола на популацијата, минатата година ја освои наградата „Мао Дун“ – една од најпрестижните кинески литературни награди. (Би-Би-Си)
|