10.10.2012, 10:16 МАНУ одбележува 45 години од формирањето
Македонската академија на науките и уметностите денеска одбележува 45-години од формирањето. На Свечената академија што ќе се одржи по тој повод ќе се обратат претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на МАНУ, академикот Владо Камбовски.
Во рамки на одбележувањето ќе биде доделено и меѓународното признание „Блаже Конески”. Добитници на ова признание се Олга Панкина од Руската Федерација, за посебен придонес во афирмирањето на македонската литература и култура на руското говорно подрачје, Петер Рау од Сојузна Република Германија, за посебен придонес во афирмирањето на македонската поезија, литература и јазик на германското јазично подрачје и Зденка Рибарова од Република Чешка, за посебен придонес во проучувањето и афирмацијата на македонскиот јазик.
|