11.10.2012, 13:33 Филе-Дачиќ: Нема нови услови за Србија кон ЕУ
Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Белград е подготвен да го продолжи дијалогот со Приштина откако еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, истакна дека во дијалогот, како и за продолжување на европскиот пат на Србија, нема дополнителни услови.
„Комесарот Филе ми го пренесе ставот дека нема нови услови за продолжување на дијалогот и дека дијалогот, доколку Србија би учествувала во него, би бил статусно неутрален“, изјави Дачиќ денеска по средбата со Филе во Белград.
Филе, од своја страна, изјави дека Србија во натамошниот процес на евроинтеграции нема да биде соочувана со нови услови и дека ЕК останува статусно неутрална кога станува збор за решавање на проблемите на Косово.
|