12.10.2012, 13:13 Кирил Спироски и официјално нов студентски лидер
Кандидатот за претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Кирил Спироски од Правниот факултет „Јустинијан Први“ освоил најголем број гласови на изборите за нов лидер на студентската организација - 4.695 гласа.
Како што информира денеска СПУКМ, од целокупниот обработен гласачки материјал вкупниот број студенти кои гласале на изборите е 8.522.
Трајче Митрев, студент на Стоматолошкиот факултет, е втор по бројот на освоени гласови, со вкупно 2591 глас. Трет е кандидатот Шевал Нуредин од Економскиот факултет, кој освоил 1026 гласа. 210 гласачки ливчиња се неважечки.
- Целиот изборен процес помина во фер и демократска атмосфера и ниту еден од тројцата кандидати нема забелешки на изборниот процес и изборните резултати, се вели во соопштението од СПУКМ.
Во текот на наредните 15 дена по завршување на комплетните процедури ќе се изврши и официјално примопредавање на функцијата.
|