11.10.2012, 13:53 Владата инвестира два милиони евра за поддршка на селата
Преку два проекти што значат инвестиции од околу два милиони евра, Владата ќе даде поддршка за десетици села и за руралниот развој во интерес на граѓаните, а со овие инвестиции се поддржува и градежништвото и вработувањата, изјави денеска портпаролот на Владата, Александар Ѓеоргиев. Владата направи измени на Програмата за рурален развој при што се определија 100 милиони денари кои таа наместо општините ќе ги исплати на изведувачите на 40 помали проеки што се реализираат во 32 села, изјави Ѓорѓиев.
На општините ќе остане да го исплатат само својот дел од инвестицијата во висина од не повеќе од 30 отсто од инвестицијата, а некаде и во помал процент. „Тие немаат обврска да го исплатат инвеститорот па да бараат рефундација, затоа што исплатата ќе ја направи Владата, во висина од најмалку 70 отсто, а некаде и повеќе и со тоа овие инвестициони 40 проекти ќе бидат реализирани без застој“, изјави Ѓорѓиев.
|