11.10.2012, 14:32 Убиен шеф на безбедност на амбасада на САД во Јемен
Официјални претставници на јеменските безбедносни служби посочија дека вооружен напаѓач го убил првиот човек на безбедноста во американската амбасада во Сана. Официјалните лица наведоа дека Касем Аклани, кој имал околу 50-ина години, денеска наутро бил застрелан на пат кон работа. Тие наведоа дека напаѓачот на моторцикл отворил оган кон него и избегал од местото на нападот. Ројтерс информира дека напаѓачот бил на моторцикл и отворил оган кон автомобилот на Аглани.
Официјален претставник на американската амбасада за Си-Би-Ес њуз изјави дека убиството се случило прилично подалеку од амбасадата. Аклани работел во американската амбасада во јеменскиот главен град речиси 20 години. Јеменските официјални лица зборуваа анонимно бидејќи не биле овластени да зборуваат со медиумите.
Нападот се случи во време кога јеменските власти кои ја имаат поддршката од САД води офанзива против огранокот на Ал Каеда во земјата, враќајќи под нивна контрола територија и градови на југот од земјата што терористичката група ги зазеде минатата година.
|