Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
13.10.2012, 12:27
Молитвено чествување за Тоше Проески



Во чест на петгодишнината од загинувањето на големиот уметник и хуманист Тоше Проески, денеска покрај Феудалната кула до Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи молитвено чествување

Предвидено е полагање цвеќе, палење свеќи, откривање спомен-ѕид со фотографии и песни од академик Гане Тодоровски посветени на Мајка Тереза и Тоше Проески.

Стихови ќе чита актерката Софија Гогова Врчаковска, стихови на влашки - Биљана Ѓоргиевска, а пораката на Тоше - Валентина Георгиевска. Свое обраќање ќе имаат проф. д - р Љупчо Ајдински, филантроп, Стојан Тренчевски - хуманист и хроничар и Митко Костов, лидер на Лигата на Власите.

Организатори на настанот се „Власите во Македонија“ и Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.

Под мотото „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“, на 5 октомври на плоштадот „Македонија“ со мултимедијален хепенинг беа одбележани пет години од последен концерт на македонска музичка ѕвезда. Истиот ден се одржа и крводарителска акција организирана од Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум и Црвениот Крст на Град Скопје, а поддржана од Меѓународната фондација „Тоше Проески“.

Тодор Проески (25 јануари 1981 - 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена. Настапи на детскиот фестивал „Златно Савејче“ во 1992 година каде испеа песна на влашки јазик. Својата музичка кариера ја почна на прилепскиот фестивал „Мелфест“ во 1997, каде победи. Има учествувано на „Макфест“, „Скопје Фест“, на „Беовизија“, ја претставуваше Македонија на Евовизија во Истанбул, на Хрватскиот радиски фестивал...

Песните „Пушти ме“, „Остани до крај“, „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ се само дел од песните на Тоше. Во 2004 година беше прогласен за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз - Ве сакам сите. Издаде повеќе албуми, одржа неколку концерти, од кои последниот беше на Градскиот плоштад во Скопје.

Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Статијата е прочитана 695 пати.

Испрати коментар



„Работниците умираат пеејќи“ гостува во Скопје
(ФОТО) Награда за животно дело за Кенго Кума
Молитвено чествување за Тоше Проески
Во Велес отворен 10. Меѓународен салон на стрип
(ФОТО) На Скопје му треба катализатор за развивање на креативната мисла
Принцезата Дијана убиена во возилото на брза помош
Прилепскиот театар подготвува премиера од Шекспир
„Самсунг“ го претстави Galaxy S3 Mini
Откриенa планетa составенa од дијаманти
„Хахаха“ во живо на Канал 103 пред скопскиот концерт
Академик Томе Серафимовски и подари на МАНУ скулптури и цртежи
Дигитална дистрибуција на новото ЕП издание на Кирил
Северина го призна прекинот на врската со Милан
Заврши фестивалот „Албански театар во Македонија“
„Блесок“ ја објави „Патагонија“ од словачкиот писател Душан Митана
Продолжува соработката на ЕУРОИМАЖ со кино „Фросина“
Преку изложбата на ракописите Македонија и припаѓа на Европа
Мустаќите во нафталин
(ФОТО) Пронајден килибар со фосилизиран пајак како напаѓа оса
Да наздравиме со чаша вино
„Луј Витон“, „Зара“ и „ХиМ“ – глобално најдобри
Ненад Секирарски го отвора 6. Моден викенд Скопје 2012
Ана Цветковска Панова изложува во Велес
„Сребрен Џед“ за македонскиот филм „Човекот со чудна навика...“
Фустанот на Џуди Гарланд од „Волшебникот од Оз“ на аукција
Парамоунт ќе гради тематски парк од 2,5 милијарди евра
Националната предлог-стратегија за развој на културата на јавна расправа
На Тумбе-кафе нови пронајдоци на некропола од 4 век
(ФОТО) Мила Кунис се соблече топлес
Можеме ли да ја повратиме дивината?
Благој Нацоски ќе пее на Сардинија во „Ромео и Јулија“
„Војна на ѕвездите“ наместо „Мона Лиза“ во Лувр
(ФОТО) По „Сити мол“, турканици и на „Бела ноќ“
„Век за самување“ најдобра поема за 2012 година
(ФОТО) Свеќи и ѕвездено небо за Тоше
(ФОТО) Собрани 200 единици крв до 15 часот
Светски ден на Бонд, Џејмс Бонд
Тетовскиот театар вечерва на МЕСС во Сараево
„Калчр девелопмент“ во живо на Канал 103
„Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ на плоштад „Македонија“
Да се потсетиме на „Скопје во 90-тите“ во МКЦ
Македонската филхармонија го откупи делото на Илија Илиевски
Опра и Бритни – најплатени жени во шоу-бизнисот
Кончаловски во Кинотеката на Македонија
„Бела ноќ“ в сабота во Скопје
Ана Дурловски повторно ја воздигна Лучија
Вечерва стартува четвртото издание на „Десонанз“
Уште разголени фотографии од кралскиот пар
(ФОТО) „Тојота“ го претстави новиот „паметен инсект“
Забранет влез за Мајк Тајсон во Нов Зеланд
Рубенс Муратовски стана татко



mikimaus, 13.10.2012 16:26:07
a vo kolku casot ne ste napisale?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 10°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)
Сомневање во лојалноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |